Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2022

Дојави за бомби на неколку локации во Белград

0
Дојави за бомби на неколку локации во Белград

Во три белградски трговски центри и во Зоолошката градина, денеска се пристигнати се дојави за експлозивни направи, потврдија за Радио Слободна Европа (РСЕ) во Министерството за внатрешни работи на Србија (МУП).

Од белградската полиција во телефонски разговор за РСЕ потврдија дека се на терен, без да прецизираат дали се работи за лажни дојави.

Инаку лажни дојави за бомбите денеска беа добиени и во два студентски дома, во Белград, соопшти Министерството за образование.

Дојави за бомби и евакуации на три трговски центри во Белград и еден во Ниш

„Припадниците на МУП излегоа на терен и веднаш беа евакуирани околу 2.500 студенти од двата студентски домови. По детална проверка на противдиверзивните екипи на МУП, утврдено е дека дојавите за бомбите се лажни“, се вели во соопштението.

Вишото јавно обвинителство Белград во соработка со МУП и Безбедносно-информативната агенција ја презема работата од основните јавни обвинителства за откривање на лица кои во последно време речиси секој ден лажно пријавувале бомби во згради, соопштија од Обвинителството.

Овој вид на дејствија е неопходен за ефикасно откривање и гонење на сторителите на кривичното дело предизвикување паника и немири и евентуално други кривични дела“, се вели во соопштението.

Претходно, на 29 април беше објавено дека биле поставени бомби во 23 средни училишта и гимназии во Белград, при што полицијата утврди дека сите пријави биле лажни. Освен тоа, во текот на март и април, јавноста ја потресоа неколку лажни пријави за подметнати бомби на летовите на „Ер-Србија“ од Белград до Москва.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

На кураже: Рублёв пробился в финал «Мастерса» в Мадриде, Медведев снялся из-за травмы






Фильм на осетинском языке «Семь черных бумаг» выйдет в прокат 9 мая

Мастер-класс «Открытка ко Дню Победы»

Раненый экс-адвокат Пашаев заявил, что хочет скорее вернуться в зону СВО

В Петербурге мужчину задавил его КамАЗ, который он забыл поставить на ручник