Антикорупционерите бараат отчет од Обвинителството
Антикорупционерите бараат отчетност од Јавното обвинителството. Тие на денешната седница побараа од Обвинителство информации, односно за каква било да е одлуката што ќе биде донесена да бидат повратно известени и да знаат што се случува со нивните иницијативи.
Бараат од ЈО да доставува одговор до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) дали и како е постапено, а не само дека ќе се постапи во врска со нивните иницијативи.
Касами најавува нови кривични за претходната општинска администрација
Катица Николовска, член на ДКСК, сподели одлука на Управен суд поврзана со предмет за кој Антикорупција има изречено јавна опомена за претседател на Совет на Општина, бидејќи како претседател на Совет според Законот за адвокатура не смее да врши јавна функција. Лицето повело судски спор пред Управен суд, ДКСК го добила спорот, а во образложението судот утврдил дека ДКСК согласно своите надлежности и обврските што произлегуваат од Законот за спречување на корупција и сдуир на интереси е единствена институција што може да утврди постоење на судир на интереси, постапката е спроведена согласно законските одредби и уредно се изречени опомените што се законски предвидени.
„ Со ова е разрешување дилемата дали советниците иако се избарни лица кои непрофесионално ја вршат јавната функција советник во Општина, смеат или не смеат и понатаму да ја вршат адвокатската дејност, бидејќи тоа е спротивно пред се со нивниот закон“, изјави Николовска.
Таа потсети дека по завршувањето на локалните избори, ДКСК до сите општини доставиле известување со сите можни случаи на потенцијален судир на интереси, што може да се јави кај советниците, вклучувајќи го и овој момент, имајќи ја предвид праксата дека голем број адвокати се избрани како членови на Советите во општините.
Извештаите на Државната ревизија и Антикорупциска заглавуваат во процедури
Горан Трпеноски, член на Државната комисија за спречување на корупцијата реферирајќи по предмет, наведе дека има сериозни наоди за злоупотреби во автомобилската федерација и затоа овој предмет ќе биде доставен до Агенција за млади и спорт и до државните ревизори.
Појасни дека се работи за користење на буџетски средства, кои Агенцијата за млади и спорт ги доделува за организација на програмски активности, со цел вршење на надлежно постапување, контрола и утврдување ма наменското, законското корустење на доделените пари од 2018 и 2019 година. Меѓу другото како пример посочи дека тој што бил претседателот на автомобилската федерацијата бил и шофер. Од ДКСК потсетија дека и во Законот за спорт е уреден судирот на интереси.