Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2022

Канада ја забранува кенеската Хуавеи 5Г технологија

0
Канада ја забранува кенеската Хуавеи 5Г технологија

На безжичните оператори во Канада нема да им биде дозволено да инсталираат опрема на „Хуавеи“ во нивните брзи 5Г мрежи, соопшти канадската влада, придружувајќи им се на сојузниците во забраната на оваа гигантска кинеска технолошка компанија.

„Ја објавуваме нашата намера да го забраниме вклучувањето на производите и услугите на „Хуавеи“ и „ЗТЕ“ во телекомуникациските системи на Канада“, изјави министерот за индустрија Франсоа-Филип Шампањ.

Канадската забрана ја вклучува и „ЗТЕ Корп“, една од најголемите државни технолошки компании во Кина.

Шампањ додаде дека „добавувачите кои веќе ја имаат инсталирано оваа опрема ќе мора да престанат да ја користат и да ја отстранат“. Тој рече дека на канадските безжични компании нема да им биде понудена компензација.

Кинескиот ќар од Западен Балкан: Економија, политика или и двете?

„Има многу непријателски актери кои се подготвени да ги искористат слабостите во нашата одбрана“, рече министерот за јавна безбедност Марко Мендичино.

Владата на САД со години лобира со сојузниците како Канада за да го исклучи „Хуавеи“ од новите ултра брзи мобилни мрежи 5Г поради загриженоста дека кинеските комунистички владетели би можеле да ја принудат компанијата да помогне во сајбер шпионажата, потсетува АП.

САД предупредија дека ќе ја преиспитаат размената на разузнавачки информации со сите земји кои користат опрема на „Хуавеи“.

Компанијата постојано ги негираше обвинувањата. Портпаролот на „Хуавеи“ рече дека ќе се воздржи од коментари додека не види каква всушност е намерата на владата.

Развојот на 5Г, или мрежата од петтата генерација, ќе овозможи побрзи онлајн врски и ќе обезбеди огромен капацитет за податоци за да се задоволи големата побарувачка.

„Хуавеи“ е најголемиот светски снабдувач на мрежна опрема за телефонски и интернет компании.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Свентек выиграла титул WTA в Мадриде






Житель Подмосковья забил родного отца до смерти и сдался полиции

Путин с Собяниным приехали в Храм Христа Спасителя на Пасхальное богослужение

Двух туристов из Москвы спасли на Эльбрусе

Студент Влад Трапезников принял участие в акции и нарисовал граффити на станции