Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2022

Ангелов - Нема опасност од отровни гасови од пожарот во Тетово

0
Ангелов - Нема опасност од отровни гасови од пожарот во Тетово

Нема опасност од отровни гасови од пожарот во Тетово, иако има густ и црн чад од фабриката што гори, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Тој вели дека безбедна е состојбата од аспект на отровни гасови. Испитувањата ги направи армиската единица за атомско-биолошко-хемиска опасност.

„Оваа единица влезе непосредно до самиот пожар и со најмодерна опрема изврши испитување на воздухот и утврди дека нема опасни, отровни гасови во воздухот. Извршија испитување на воздухот во околината и состојбата од аспект на отровни гасови е безбедна. За секој случај очекуваме дополнително испитување бидејќи има мала веројатност за отровни гасови за што нема можност да се детектира. Но потенцирам дека имаат најсовремена опрема донирана од Америка. Видливо е дека има пм10 и загаден воздух, но сме пред локализирање на пожарот, има контрола. Уште еден хеликоптер интервенира за стопирање на линијата на ширење на пожарот“, изјави Ангелов.

Фабриката „Македонија табак“, во која утрово околу 9 часот избувна пожарот, има лимен покрив и бетонска плоча и водата од хеликоптерот не може да продре внатре, појасни Ангелов.

Хеликоптерот дејствува од воздух, а пожарникарите од земја, надмината е опасност од било каква експлозија, рече Ангелов.

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами информираше дека пожарот во „Македонија табак“ го гаснат повеќе противпожарни единици од многу градови и дека мерните параметри не покажале поголема опасност од штетни материи.

„Бевме во неизвесност дали има материја штетна по здравјето. Со најновите информациите сме посмирени, не се работи за штетна материја, затоа сакам да информирам дека нема посериозна опасност по нивно здравје. Од утре продолжува образованиот процес, иако денеска побаравме да ги пуштат децата дома. Оваа загаденост не е штетна по нивно здравје, рече Касами.

Градоначалникот Касами информира дека бил во контакт со премиерот Димитар Ковачевски, но и со други установи и институции.

Тетовската „Македонија Табак“ гори над пет часа, употребени и хеликоптери во гасењето на пожарот

Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук профилот информираше дека телефонски разговарал со градоначалникот на Тетово Билал Касами и го информирал дека Владата ги ставила на располагање сите институции во системот за заштита и спасување за справување со пожарот во Тетово.

„Остануваме во отворена комуникација за сите дополнителни мерки што ќе се укажат како неопходни во зависност од состојбата на теренот“, пишува премиерот.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Анастасия Потапова вышла во второй круг турнира WTA-1000 в Риме






Названы пять самых сложных женщин по знаку зодиака

Работодатели назвали лучшее время для поиска сотрудников

Библиотека им.А.С.Пушкина приглашает на лекцию доцента, кандидата филологических наук Елены Гоголевой «Молчат ли музы, когда говорят пушки?»

Пермские экологи сообщили о массовой гибели редких жаб под колесами автомобилей