Проблемите на граѓаните и фокусот од политичарите во расчекор
Четири од петте главни проблеми на граѓаните со години се поврзани со економијата, но се чини дека нема решенија за тие проблеми. Платите со години растат, а невработеноста се намалува, но тоа очигледно не е доволно. Ако се мерите со себе има напредок, но ако се споредите со светот, се гледаат огромните разлики, вели аналитичарот Сефер Селими.