Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2022

Генчовска најави посета на Бугарија на експерти од македонското МНР

0
Генчовска најави посета на Бугарија на експерти од македонското МНР

Не, не преговараме, се подготвуваме за официјална посета на експертските тимови на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, изјави министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска. Таа на брифинг со министерот за надворешни работи на Азербејџан кој е во посета на Софија рече и дека досега нема никакви конкретни резултати.

„Последните разговори со експертскиот тим на Република Северна Македонија се одржаа на 11 февруари и, за жал, не е постигнат заемно корисен напредок за двете земји“, рече таа.

Петков: Не знам кој е поканет кај Макрон за темата Македонија

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска изјави дека се врши многу голема работа на ниво на Министерствата за надворешни работи, за да се видат сите можности за напредок по темата за Северна Македонија. 

Македонија очекува одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ во рамките на преговорите за членство, одобрени од страна на сите земји членки во март 2020, но Бугарија продолжува да го блокира процесот поради билатерални прашања. Европскиот пат на Македонија и Албанија оди во пакет, па оттука, бугарската блокада за почеток на македонските преговори доведе до застој и на евроинтегративните процеси на Албанија. Бугарија веќе две години ги блокира претпристапните преговори на Македонија за влез во Европската Унија.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Александрова не смогла обыграть Саснович и покинула турнир WTA-1000 в Риме






Урганту не дали выступить на вечере памяти Окуджавы

Коммунальная квартира в разрезе.

6-летний сын актрисы Марианы Дердерьян погиб при пожаре из-за решеток на окнах

Несколько автомобилей столкнулись на 69-м километре МКАД