Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Црногорската влада одлучи - во ноември попис на населението

0
Црногорската влада одлучи - во ноември попис на населението

Пописот на населението во Црна Гора ќе се одржи од 1 до 15 ноември, одлучи денеска владата. Министерот за финансии Александар Дамјановиќ изјави дека периодот во кој ќе се прави пописот е според препораката на Обединетите нации за пописот, која предвидува тој да не се совпаѓа со изборната кампања.

Пописот требаше да се спроведе во 2021 година, но беше одложен поради претходната промена на државната администрација и проблемите со пандемијата на корона вирусот.

Законот предвидува дека пописот ќе ги опфати црногорските државјани со живеалиште во Црна Гора, без разлика дали се присутни во местото на живеење или привремено престојуваат на друго место или во друга земја, како и странци кои одобриле постојан или привремен престој.

Податоците што ќе се собираат ќе се однесуваат на полот, брачната состојба, социјалната, образовната и материјалната состојба, вработеноста, како и податоците за државјанството, националната и етничката припадност, верската определба и мајчиниот јазик. 

Последниот попис во Црна Гора е одржан во 2011 година, кога 45 отсто од граѓаните се изјасниле дека се Црногорци, а речиси 29 отсто како Срби.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Арина Соболенко

Соболенко сделала признание о соперничестве с Рыбакиной






У богатых людей всегда есть эта цифра в дате рождения, но богатство придет к ним только после 40 лет

Самолёт экстренно сел в Кирове из-за сломанного шасси

В Москве задержали дважды судимого блогера, оскорблявшего пенсионерок на видео

MK.ru: рабочий погиб на стройке в Москве из-за рухнувшего стеклопакета