Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Спасувачите со мали надежи дека се уште има преживеани под урнатините во Турција

0
Спасувачите со мали надежи дека се уште има преживеани под урнатините во Турција

Спасувањето на неколку преживеани од урнатините на зградите во Турција го подигна духот на уморните екипи за спасување, четири дена по големиот земјотрес што ја погоди земјата и соседна Сирија, при што загинаа најмалку 21.000 луѓе. Студот, гладот и очајот зафатија стотици илјади луѓе кои останаа без покрив над главата од потресите, најсмртоносните во регионот со децении. Неколку луѓе беа спасени од урнатините на зградите во текот на ноќта, меѓу кои и 10-годишно момче спасено со мајка си по 90 часа во областа Самандаг во провинцијата Хатај.

Исто така во Хатај, седумгодишното девојче по име Асја беше спасено по 95 часа и однесено во болница, објави државната новинска агенција Анадолу. Но, надежите слабеат дека ќе се најдат повеќе живи луѓе во урнатините на илјадниците урнати згради во градовите низ регионот. Бројот на загинати од земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала и неколку силни последователни потреси низ двете земји го надмина оној од 17.000 загинати во 1999 година кога сличен силен земјотрес ја погоди северозападна Турција. Ова е седма најсмртоносна природна катастрофа овој век, по потресот и цунамито во Јапонија во 2011 година и земјотресот во соседен Иран во 2003 година кога загинаа 31.000 луѓе.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Рафаэль Надаль

Рафаэль Надаль: Рекордный 10-кратный чемпион, побежденный в двух сетах Хубертом Гуркачем на Открытом чемпионате Италии | Теннисные новости






Велопарад пройдет в Солнечногорске 25 мая

Бизнес-ланчи подорожали на 37 процентов в кафе Новосибирска

Суд запретил объявления о работе для славян

СЭ: «Спартак» связался с Циципасом, чтобы передать греку клубную футболку