Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Зголемено иранско шпионирање во Германија

0
Зголемено иранско шпионирање во Германија

Германската влада изјави дека има зголемено шпионирање од страна на иранските разузнавачки агенти врз прогонетите Иранци кои живеат во Германија од почетокот на масовните протести минатата година, објави германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ на 11 февруари.

Немирите ширум Иран поради смртта на една млада жена, приведена од иранската полиција за морал минатата година, доведоа до „зголемени индиции за можно шпионирање на настани и поединци на опозицијата“ во Германија, соопшти федералната влада како одговор на барањето за информации од левичарската партија Линке.

„Опозициските групи и поединци (...) се сметаат од владетелите на Иран за закана за режимот“, се наведува во одговорот на владата.

Во него се наведува дека домашната разузнавачка служба на земјата идентификувала 160 лица кои се поврзани со Германија, како и со Иранската револуционерна гарда.

„Широките шпионски активности“ на Револуционерната гарда се насочени конкретно против произраелски и проеврејски цели во Германија, наведува владата, цитирана од германскиот весник.

Немирите во Иран ги предизвика смртта на 22-годишната Махса Амини на 16 септември минатата година.

Амина беше приведена од моралната полиција додека беше во Техеран во септември за наводно неправилно носење шамија или хиџаб. Иранските власти соопштија дека таа починала од природна смрт, но сведоците и нејзиното семејство велат дека младата жена била претепана од агенти.

Смртта на младата жена предизвика бран антивладини демонстрации во градовите низ Иран. Властите одговорија со задушување на немирите, за кои организациите за човекови права проценуваат дека убиле повеќе од 500 луѓе, вклучително и 71 дете.

Иранските власти, кои го обвинија Западот за протестите, претходно ветија дека со демонстрантите ќе се однесуваат уште поостро.

Демонстрациите претставуваат најголема закана за владата од револуцијата во 1979 година.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Александрова не смогла обыграть Саснович и покинула турнир WTA-1000 в Риме






Ефимов: почти 40 тыс жителей запада Москвы получат новые квартиры по реновации

Собянин сообщил о строительстве трех станций новой Троицкой линии метро

Китайский «Транзит»: тест фургона JMC Fushun

В Дубне обеспечили электроснабжением потребителей левобережной части города