Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Германија ги олеснува визите за жртвите од земјотресот кои имаат роднини во таа земја

0
Германија ги олеснува визите за жртвите од земјотресот кои имаат роднини во таа земја

Германската влада сака привремено да го олесни добивањето визи за граѓаните кои го преживеале земјотресот во Турција и Сирија, а имаат семејни врски во Германија. „Сакаме да им овозможиме на турските и сириските семејства во Германија да се грижат за своите роднини од регионот кои беа погодени од земјотресот“, објави германското Министерство за внатрешни работи на Твитер, цитирајќи ја министерката Ненси Фезер. Беше појаснето дека граѓаните од погодените региони ќе можат да најдат место за живеење и ќе добиваат медицинска помош „со редовни визи за три месеци кои брзо ќе се издаваат“.

Од апликантите сè уште се бара да покажат важечки пасош, што најверојатно би претставувало пречка за луѓето кои бегаат од зградите што се уриваат. Неколку милиони жители во Германија имаат турски корени бидејќи пред повеќе од 60 години Западна Германија регрутирала „гастарбајтери“ од Турција за да и помогне на земјата да напредува економски. Од 2015 година, стотици илјади сириски граѓани дојдоа во Германија бегајќи од граѓанската војна.

Германската влада рече дека брзо ќе ги олесни инаку многу строгите барања за виза, додавајќи дека Министерството за надворешни работи веќе го зголемило својот персонал во Турција и капацитетот на тамошните центри за обработка на визи.

Жртвите од земјотресот кои сакаат да побараат засолниште во Германија и да аплицираат за тримесечна виза треба да докажат дека имаат членови на блиското семејство во Германија кои имаат германско државјанство или постојан престој.

Германскиот член на семејството, домаќинот, мора да даде изјава со која ќе вети дека ќе ги плати трошоците за живот и последователно заминување на лицето што доаѓа.

Земјотресот што ги погоди Турција и Сирија во минатиот понеделник досега однесе 33.000 животи, а ОН предвидуваат дека тој број ќе биде значително поголем. Светската здравствена организација објави дека околу 26 милиони луѓе се погодени од последиците од земјотресот во двете земји.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Новак Джокович

Теннисист Джокович раздавал автографы в шлеме после попадания бутылкой в голову






Более 16 тысяч рабочих мест появится на современных ...

Рейс Москва-Гуанчжоу экстренно приземлился в Иркутске

Тренер "Зенита" Семак признал существенное снижение шансов у клуба выиграть РПЛ

Арестован мужчина, зарубивший женщину топором в ТЦ Москвы в 2004 году