Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Собранието ги констатира оставките на Тупанчевски и Нуредини

0
Собранието ги констатира оставките на Тупанчевски и Нуредини

Собранието денеска ги констатира оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на заменик-министрите за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги образложат оставките пред пратениците.

Нивните оставки денеска беа констатирани на 103. седница во Собранието. За денеска во 15 часот е закажана 104. седница на која ќе се одлучува за Предлогот за реконструкција на Владата што го испрати премиерот Димитар Ковачевски.

Реконструкцијата на владиниот кабинет е за четворица министри и пет заменици министри, а следуваше по преговорите за приклучување на Алијансата за Албанците (АА) во владиното мнозинство.

За влезот во влада Алијанса за Албанците добива три министерства: Министерството за здравство, Министерството правда и Министерството за информатичко општество и администрација. Партијата исто така ќе ги добие заменичките министерски места за одбрана и за земјоделие, како и повеќе директорски позиции.

Влезот на партијата во влада доаѓа во период кога треба да се носат уставни измени кои се услов за продолжување на преговорите со Европската унија.

Предложените нови министри се Кренар Лога за министер за правда, Фатмир Меџити за министер за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, сите тројца од редовите на Алијанса за Албанците. Каја Шукова од СДСМ е предложена за министер за животна средина и просторно планирање.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Анастасия Потапова вышла во второй круг турнира WTA-1000 в Риме






Глава Чечни сообщил, что власти Гвинеи-Бисау пообещали в ее столице построить проспект Ахмата-Хаджи Кадырова

Грузоперевозки в РФ упали на 10% из-за проблем в расчетах с Китаем

Несколько автомобилей столкнулись на 69-м километре МКАД

Терапевт Асанов перечислил полезный для здоровья фастфуд