Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Демократски сојуз ја напушти владината коалиција

0
Демократски сојуз ја напушти владината коалиција

Демократски сојуз е втората партија која ја напушта владината коалиција по Алтернатива. Лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов денеска изјави дека нема да ја поддржи реконструкцијата на владиниот кабинет и дека нема да биде повеќе дел од владејачкото мнозинство. Тој додаде дека партијата и натаму ќе ги подржува проектите кои значат спроведување на европски стандарди во земјава затоа што се цврсто определени за влез на Македонија во ЕУ. Една од причините за напуштањето на владината коалиција е не спроведените цели усогласени пред изборите со СДСМ.

„Прво, имавме договор Македонија да биде една изборна единица, во оваа насока беше подготвен закон за Македонија да биде една изборна единица, помина на комисиите, но е блокиран бидејќи претседателот на Собранието Талат Џафери не ја закажува седницата на која треба да се расправа околу овие законски промени“, вели Трајанов.

Тој додаде дека не се имплементираат ниту програмските цели на ДС за реформи во правосудниот систем, како и за борбата против корупцијата.

Во Собрание денеска на дневен ред беше ставен влезот на Алијанса за Албанците во владата со три министерски позиции и две заменик министер. Алтернатива вчера соопшти дека заминува во опозицијата откако завршија преговорите со Алијанса за Албанците.

Претпладнево на седница на Собранието беа констатирани оставките на сега веќе поранешните министрите за правда Никола Тупанчевски и за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, а во рамки на 104. седница останува да бидат разрешени тројцата министри од Алтернатива – за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора, кои најавија дека нема да присуствуваат на седницата.

Седницата за реконструкцијата на владиниот кабинет продолжува утре на пладне. Пријавени се 44 пратеници за збор, а според Деловникот нема ограничување колку денови може да трае пратеничката расправа за реконструкцијата.  Алијанса за Албанците му се приклучија на владејачкото мнозинство со осум пратеници, но во меѓувреме тоа стана помало за три пратеника на Алтернатива и еден на ДС. 

Реконструкцијата на владиниот кабинет е за четворица министри и пет заменици министри, а следуваше по преговорите за приклучување на Алијансата за Албанците (АА) во владиното мнозинство.

За влезот во влада Алијанса за Албанците добива три министерства: Министерството за здравство, Министерството правда и Министерството за информатичко општество и администрација. Партијата исто така ќе ги добие заменичките министерски места за одбрана и за земјоделие, како и повеќе директорски позиции.

Влезот на партијата во влада доаѓа во период кога треба да се носат уставни измени кои се услов за продолжување на преговорите со Европската унија.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Саснович пробилась во второй раунд турнира WTA-1000 в Риме






Подмосковный врач Войчук назвал лучшие блюда для пикника

Александр Бастрыкин отреагировал на ситуацию с лекарствами для орловских льготников

На коин черт: как россиян обворовывают через криптобиржи

Москва экспортирует сладости в 50 стран мира