Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Продолжува собраниската седница за реконструкција на Владата

0
Продолжува собраниската седница за реконструкција на Владата

Седницата на македонското Собрание на која се расправа за реконструкција на Владата продолжува денеска во 12 часот.

Премиерот Димитар Ковачевски на почетокот на седницата, образложувајќи го предлогот за разрешување на кадрите на Алтернатива од Владата, партија која реши да премине во опозиција откако Алијанса за Албанците реши да се приклучи на владината коалиција, рече дека со реконструкцијата ќе се внесе нова енергија и ќе се стави крај на манипулациите за предвремени избори.

„Потребно ни е стабилно мнозинство кое ќе овозможи брз развој и напредок, кое ќе овозможи да одблокираме важни закони за граѓаните без да мора да чекаме опозицијата да одлучи дали граѓаните и нивната иднина се поважни од нивните дневнополитички интереси. Денес зборуваме за обединување по европското прашање каде што ВМРО-ДПМНЕ вечно останува изолирана и против државните интереси“, рече Ковачевски.

Пратеникот Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ, обраќањето на премиерот пред пратениците го нарече „бледо со многу флоскули и работи кои се на раб на политички реченици кои се повторуваат често на политичката сцена и се без суштина“.

„Алијанса реши да влезе и на тој начин да го продолжи животот на можеби најслабата влада која Македонија кога било ја видела, Влада со најслаб легитимитет помеѓу граѓаните, особено помеѓу македонскиот народ. Ако не знаете како изгледа политичка корупција и проституција, еве ја денес на сцена јасната политичка проституција и корупција која се случува во Македонија затоа што во Македонија изборите губат смисла“, рече Николоски.

Се предлага разрешување на министрите за здравство – Беким Сали, за информатичко општество и администрација  Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи, како и замениците за земјоделство  Абдулшуќур Абедини и за образование и наука  Лулзим Алиу. Сите се кадри на Алтернатива. Предлог за разрешување има и за заменик-министерот за одбрана Башким Хасани кој е дел од „огнената група“ во ДУИ.

Претходно, Собранието ги констатираше оставките поднесени од министрите за правда Никола Тупанчески (СДСМ) и за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини (ДУИ), како и за заменик-министрите за правда Агим Нухиу (ДУИ) и за здравство Владимир Рендевски (СДСМ).




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Саснович пробилась во второй раунд турнира WTA-1000 в Риме






Северянка Лада Еськина – бронзовый призер первенства России по боксу

Как российские турбины потеснили Siemens

Два автомобиля столкнулись на Северо-Восточной хорде МСД

Бойца ММА Исламова отправили в СИЗО до 24 июня