Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Шпанија усвои закон за платено „менструално отсуство“

0
Шпанија усвои закон за платено „менструално отсуство“

Шпанскиот парламент денеска го одобри законот со кој се доделува платено медицинско отсуство на жени кои страдаат од тешки менструални болки, со што стана првата европска земја која на овој начин го унапреди своето законодавство.

Законот, кој беше усвоен со 185 гласа „за“ и 154 „против“, има за цел да го разбие табуто на оваа тема, соопшти шпанската левичарска влада.

 

Менструалното отсуство моментално се нуди само во мал број земји ширум светот, како што се Јапонија, Индонезија и Замбија.

„Ова е историски ден за феминистичкиот напредок“, твитна министерката за еднаквост, Ајрене Монтеро, која вели дека овој потег е чекор кон решавање на здравствениот проблем кој во голема мера е „скриен под тепих“.

Законската регулатива им дава право на вработените кои имаат менструални болки да добијат одмор, но како и со платеното отсуство од други здравствени причини, за тоа ќе им биде потребно одобрение од лекар.

Околу една третина од жените страдаат од силни менструални болки, според Шпанското гинеколошко и акушерско друштво.

 

„Менстуацијата повеќе нема да биде табу. Нема повеќе да одиме на работа со болка, нема повеќе да земаме апчиња пред да пристигнеме на работа и да мораме да го криеме фактот дека имаме болка што не прави неспособни да работиме“, рече Монтеро откако законот првично беше одобрен од кабинетот, лани во мај.

Менструалното отсуство беше дел од поширокиот закон кој, исто така, го зајакнува пристапот до услугите за абортус во јавните болници, право за чие остварување има многу тешкотии во земјата со силна католичка традиција.

Новото законодавство, исто така, им дозволува на малолетниците на возраст од 16 и 17 години да имаат абортус без родителска дозвола, како и да го променат полот во документот за идентификација.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

После победы в Мадриде Рублев поднялся с 8-го на 6-е место в рейтинге ATP






Собянин сообщил о сбитом на подлете к Москве беспилотнике

LILA и проект Munterra открыли арабский лаундж в центре Москвы

Новая песня "Сталинград" - дань памяти героическим защитникам города

Синоптики предупредили москвичей о дождливой погоде 10 мая