Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Османи, како претседавач на ОБСЕ, во посета на Турција

0
Османи, како претседавач на ОБСЕ, во посета на Турција

Македонскиот министер за надворешни работи, кој е и претседавач со Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) денеска ќе ја посети Турција, заедно со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.

Македонското министерство за надворешни работи (МНР) соопшти дека посетата е во насока на поддршка на напорите за зголемување хуманитарната помош од земјите учеснички и фондовите на ОБСЕ кои се за оваа намена.

За време на посетата Османи ќе има работна средба со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Посетата се одвива во време на тешка состојба во Турција, по серијата разорни земјотреси во кои животот го загубија десетици илјади луѓе, стотици илјади се повредени, а во погодените подрачја целосно е уништена инфраструктурата што доведува до дополнителни потешкотии за достава на хуманитарна помош, храна и вода за преживеаните.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди југоисточна Турција и Сирија на 6 февруари.

Во напорите за пронаоѓање преживеани по земјотресот и расчистување на урнатините учествуваше и тим на Армијата на Македонија. Денеска напладне во касарната „Илинден“ во Скопје ќе биде организиран пречек на припадниците на специјалните сили на Армијата кои учествуваа во хуманитарната спасувачка операција во Турција, најави Министерството за одбрана.

Армиски тим за заштита и спасување од Баталјонот за специјални сили, водачи и кучиња обучени за трагање, учествуваа во хуманитарна операција во Турција, во областите кои беа погодени од катастрофалните земјотреси на 6 февруари годинава.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Арина Соболенко

Соболенко испытала проблемы после снятия Рыбакиной с турнира в Риме






В Коломне утвердили предмет охраны Дома Урываевых

Президент РФ: мы должны больше сближаться с нашими партнерами по СНГ

Дефицит бюджета РФ и планы ФРС не понижать процентную ставку. Обзор финансового рынка от 13 мая

Пасхальный концерт прошёл в Ульяновске