Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Џафери - Денеска може да заврши дебатата за разрешување на министри

0
Џафери - Денеска може да заврши дебатата за разрешување на министри

Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува до крајот на денот да заврши дебатата за разрешување на министерот без ресор задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи, по што ќе следи гласањето за престанок на мандат на сите тројца предложени министри на седницата за реконструкција на Владата. Џафери вели дека потоа ќе отпочне втората точка на дневниот ред, односно за именување на новите членови на Владата.

„Секако Собранието има Деловник кој секако овозможува одредена постапка и процедура“, вели Џафери.  

Реконструкцијата на Владата влегува во втора недела

Досега Собранието ја заврши дебатата за разрешување на Адмирим Алити од функцијата министер за информатичко општество и администрација, како и за министерот за здравство Беким Сали. За да почне постапката за избирање на новите министри, треба прво да заврши гласањето за разрешување.

Пратениците осми ден по ред дебатираат за владината реконструкција, која почна по договорот за влез на Алијанса за Албанците во владината коалиција на СДСМ, ДУИ. Со влезот на Алијанса за Албанците се добиваат плус осум пратеници, но излегуваат тројцата од Алтернатива.

На денешен брифинг со новинарите, Џафери меѓу другото одговараше на прашања за патните трошоци на пратениците и за информациите во јавноста дека неговиот син Барлет Џафери ќе биде обвинител.

Името на Барлет Џафери минатата година ја брануваше јавноста по објавата на Антикорупциска комисија дека тој се здобил со право да полага правосуден испит во 2015 година, иако се уште не бил дипломиран.

Џафери денеска изјави дека е свесен дека како претседател на Собранието „сензацијата е поголема кога се работи за член на семејство на носител на висока функција и дека Антикорупциксата комисија ја запрела постапката, бидејќи не можело да се утврди злоупотреба од страна на неговиот син.

„Како и секој граѓанин во оваа држава и моите деца си ги уживаат истите права и можности во ова општество“, рече Џафери.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Арина Соболенко

Соболенко испытала проблемы после снятия Рыбакиной с турнира в Риме






Племя Гунны: рэпер из США в меланхолии, наш Баста — в музлитературе

В РПЛ сменился лидер турнирной таблицы

Райдер счастья молодых: в России растет число брачных контрактов

В Москве на МКАД произошло массовое ДТП