Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Обвинителството оформи предмет за смртта на двајца пациенти во Прилеп

0
Обвинителството оформи предмет за смртта на двајца пациенти во Прилеп

Основното јавно обвинителство во Прилеп по допрен глас оформи предмет по информациите за смрт на две лица во Општата болница Прилеп - жена на возраст од 48 години и непознато машко лице кај кои биле извршени оперативни зафати по што добиле интерхоспитална бактерија од која починале, соопштија од обвинителството. 

„Исто така, Основното јавно обвинителство Прилеп постапува и по добиена информација преку допрен глас за несовесно лекување на лице на возраст од 30 години на Одделот за неврологија при ЈЗУ Општа болница Прилеп. Пациентот наводно бил лекуван десетина дена со погрешна дијагноза“, се вели во соопштението.

По овие случаи сите оперативни сали во болницата се затворени. Надлежен јавен обвинител издал барања за прибавување на целокупната писмена документација во врска со овие случаи од Државниот здравствен инспекторат и од болницата.

Како што се посочува во соопштението, издадена е и наредба до полицијата да изврши информативни разговори со службени лица во болницата, со роднини и блиски лица на пациентите.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Даниил Медведев

Тарпищев: нельзя Медведева назвать главным претендентом на золото Олимпиады






Журналисты узнали, как живут вне России дети Марии Голубкиной и Николая Фоменко

«Мне нравится жить в лесу». Судьба детей-актеров СССР из взрослых фильмов

"Спартак" лишился математических шансов выиграть Российскую премьер-лигу

В Подмосковье в ночь на воскресенье ожидаются заморозки до минус 1 градуса