Земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер во ретко населената област во Таџикистан
Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска погоди ретко населената оддалечена област на Таџикистан во близина на западниот кинески регион Ксинџијанг.
Епицентарот на земјотресот бил на 67 километри западно од Мургоб, на длабочина од 20 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.
Мугроб е главен град на истоимената област, има неколку илјади жители, се наоѓа високо во планините Памир.
Земјотресот беше силно почувствуван и во соседна Кина во некои области во префектурата Кашгар и киргистанската автономна префектура Кислиу во Ксинџијанг, но засега нема информации за жртви или штети, објави кинеската државна телевизија ЦЦТВ, цитирајќи локални власти.
Кинескиот центар за земјотреси извести дека земјотресот бил со јачина од 7,2 степени и бил на длабочина од 10 километри.