Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Вкупно 41 години затвор за четворицата силувачи на 11-годишно девојче во Косово

0
Вкупно 41 години затвор за четворицата силувачи на 11-годишно девојче во Косово

Основниот суд во Приштина денеска ги осуди четворицата обвинети, од кои тројца малолетни, на вкупно 41 години затвор за силување на 11-годишно девојче во Приштина во август 2022 година.

Полнолетниот обвинет е осуден на 15 години затвор, двајца малолетници на по 9, а еден на осум години малолетнички затвор.

Малолетниците, освен за силување се осудени и за злоупотреба на деца во порнографија.

Претседателката на Косово: силувањето малолетничка е шокантен и нехуман чин

Еден обвинет за сексуални услуги од жртви со трговија со луѓе беше ослободен од обвинението. Судот укажа дека не било утврдено дека девојчето било жртва на трговија со луѓе.

Случајот, кога четворица го силувале девојчето во парк во Приштина на 27 август 2022 година, ја потресе косовската јавност.

Косовската претседателка Вјоса Османи оцени дека се работи за шокантен и нехуман чин и побара ригорозна истрага и правна одговорност за сторителите.

Граѓаните на Приштина протестираа против сексуалното насилство врз жените и девојчињата, а солидарни протести беа организирани и во Скопје и во Тирана.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Новак Джокович

Новак Джокович с позором вылетел с турнира в Риме






Москвичам рассказали, когда в столицу вернется тепло

Антонов: США не смогут поставить на колени компании РФ запретом на импорт урана

Посол Антонов: запрет на импорт урана из России навредит больше США, чем Москве

Чем известен генерал-лейтенант Кузнецов из Минобороны РФ и за что его задержали?