Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Алтернатива предлага формирање на Заедница на албански општини во Македонија

0
Алтернатива предлага формирање на Заедница на албански општини во Македонија

Политичката партија Алтернатива, која неодамна излезе од владата и одлучи да премине во опозиција, денеска повика да се започне иницијатива за формирање „Заедница на албански општини во Северна Македонија“, по моделот што е предвидено да се формира ваква заедница на српски општини (ЗСО) во Косово.

„Во времето кога Косово се наоѓа пред финалниот договор за нормализација на односите со Србија и кога секој западен дипломат кој доаѓа во Приштина го повторува рефренот „Да се формира Заедницата на српските општини во Косово!“, прашањето што треба да се постави е зошто партиите на Албанците во Северна Македонија, тие кои имаат општини (ДУИ, АА и Беса), не покренуваат иницијатива за основање на Заедницата на албанските општини во Северна Македонија со истите надлежности со кои се бара да ги има Заедницата на српските општини во Косово. Ништо повеќе. Само толку“, велат од Алтернатива во соопштение до медиумите.

Оние што го бараат тоа од Косово, велат од партијата, се наши западни сојузници, па затоа испаѓа дека формирање ваква заедница е во духот на западните вредности.

„Да направиме и ние во Северна Македонија една таква заедница во тој западен дух. Еве една кауза врз која може да се соединиме сите албански партии, дури и Алтернатива, која нема своја општина. Да ја започнеме уште денес Заедницата на албанските општини во Северна Македонија. Добар реципроцитет и, воедно, европски, нели?! “, додаваат во соопштението од Алтернатива.

Белград и Приштина се во фаза на преговори за нормализација на односите, за што веќе доставен и предлог договор од Франција и Германија. Формирање на ЗСО е едно од клучните барања на Белград, на што досега актуелната косовска власт се противеше.

Од косовската влада објавија дека синоќа Курти разговарал со високиот советник на Стејт департментот, Дерек Шоле, на кого му рекол дека го прифаќа европскиот предлог за договор како добра основа за понатамошните разговори во насока на нормализација на односите.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Потапова проиграла Остапенко во втором круге турнира WTA 1000






Без солнца. Эксперт объяснила, почему даже летом не хватает витамина D

«Фонтанка»: 19-летний москвич спасал пассажиров тонущего в Мойке автобуса

Самолет, пролетая над Амурской областью, потерял навигационные сигналы

Чешская полиция объявила в розыск "генерала российской военной разведки"