Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Најмалку 45 мигранти загинаа во бродолом во регионот на Калабрија

0
Најмалку 45 мигранти загинаа во бродолом во регионот на Калабрија

Италијанската крајбрежна стража и пожарникарите извлекоа повеќе од 45тела откако брод со мигранти потона крај источниот брег на Италија во регионот на Калабрија.

Државната телевизија ја цитираше канцеларијата на локалниот префект дека до доцна утрото биле извлечени 45 тела, а 58 луѓе биле спасени. Италијанската новинска агенција АГИ објави дека меѓу телата има и неколкумесечно бебе.

Најголем дел од нелегалните влезови во ЕУ се преку Западен Балкан

Повикувајќи се на неидентификувани пристанишни власти во близина на крајбрежниот град Кротоне, во Калабрија, државното радио РАИ соопшти дека бродот превезувал повеќе од 100 мигранти кога во зори наишол на проблеми во Јонското Море.

Италијанската новинска агенција Лапресе подоцна цитираше неидентификувани службеници за спасување кои велат дека во бродот можеби имало околу 180 луѓе. Државната телевизија објави дека околу 27 преживеани стигнале до брегот, веројатно без ничија помош.

Дрвени парчиња остатоци ја преполнија плажата во Стекато ди Кутро, во близина на местото каде што бродот очигледно се распаднал.Пожарникарите, вклучително и нуркачи за спасување, извлекоа 28 тела, вклучително и три кои беа извлечени од урнатините поради силните струи.

„Ова е огромна трагедија. Во знак на солидарност градот ќе најде места на гробиштата “, изјави градоначалникот на Кротоне, Винченцо Воце, за државната ТВ РАИ.

Детали за националноста на мигрантите не беа веднаш дадени во извештаите. Не е јасно од каде тргнал бродот, но чамците со мигранти кои пристигнуваат во Калабрија обично тргнуваат од бреговите на Турција или Египет.

Многу од овие пловни објекти, вклучително и едрилици, често стигнуваат до оддалечените делови на долгиот јужен брег на Италија без помош на крајбрежна стража или хуманитарни спасувачки бродови.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Стефанос Циципас

Греческий теннисист Стефанос Циципас поблагодарил мать за советское воспитание






Тренер ЦСКА Федотов не стал объяснять, почему Акинфеев не сыграет с "Зенитом"

Зобнин: гол в ворота «Краснодара» — один из самых красивых в карьере

«Она не ожидала»: стала известна реакция Королевой на инцидент в Кремле 9 мая

Военно-исторический фестиваль «Огненная дуга» прошел в Ступине