Народот не може толку да создаде, колку што власта може да украде
Има силен процес на криминализација во државата кој продолжува, а криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое што треба да се справиме, вели пратеникот Павле Трајанов во неделното интервју на РСЕ. Тој вели дека криминалот полека ја гризе државата и затоа не функционира. Според него, во Македонија функционираат две влади: една на Ахмети и друга на Ковачевски.