Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Повторното судење за прислушувањето одложено за утре

0
Повторното судење за прислушувањето одложено за утре

Повторената постапка за предметот „Таргет-Тврдина“ за нелегалното прислушување не започна на 27 февруари, оти еден од обвинетите не дојде на судењето.

Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, рече дека на обвинетиот Тони Јакимовски му била пуштена покана, но, наредба, како што рече „нема стигнато“.

„Судењето ќе започне утре со воведни говори и испитување на двајца сведоци, Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски“, рече судијата Трпков.

Првото рочиште за повторената постапка беше закажано за денеска откако Апелациониот суд во Скопје лани ја укина пресудата од 2021 година, а жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја оцени како беспредметна.

Апелациониот суд Скопје, при разгледување на пресудата, констатираше дека првостепениот суд при постапување по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривична постапка кои се од апсолутен карактер, а на кои овој суд внимава по службена должност, со што се довела во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик.

Во првичната пресуда за нелегалното масовно прислушување, обвинетите добија затворска казна вкупно од 55 години од кои 12 години за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Според првичниот обвинителен акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4 286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани.

Судскиот процес од првичната постапка започна на 22 декември во 2017 година против 11 лица. Беа одржани 53 рочишта, на кои се сослушаа 123 сведоци, изведени 887 материјални докази и пет вештачења. Сослушани беа и над 200 оштетени лица.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителот Трајче Пеливанов.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Касаткина обыграла Марию и вышла в третий круг турнира WTA-1000 в Риме






Суперкамбэк определил нового лидера чемпионата Алипа

"Вы теперь мой друг на всю жизнь. Я видел, как вы стреляете". Делегация Гвинеи-Бисау посетила Чечню

Планов было громадье — чем запомнился Дегтярёв хабаровчанам (ПЕРЕКЛИЧКА)

Виллиан Роша считает воинами футболистов ЦСКА после победы над «Зенитом»