Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Вучиќ пред да оди во Брисел - Нема да има капитулација

0
Вучиќ пред да оди во Брисел - Нема да има капитулација

„Во Брисел ќе го направам она што е најдобро за нашата земја“, рече на 27 февруари српскиот претседател Александар Вучиќ, пред да отпатува во Брисел.

„На оние кои однапред се подготвуваат да не нападнат како да ќе потпишеме нешто, затоа што така ќе бидеме предавници, и однапред знаат дека сме виновни и дека се враќаме во деведесеттите, можам само да им кажам да не се грижат. Ниту ќе има капитулација, ниту ќе има враќање во деведесеттите. Србија ќе оди напред колку и да е тешко и ќе успееме да се избориме за тоа!“, вели Вучиќ во видео објавено на Инстаграм.

Вучиќ во Брисел се среќава со косовскиот премиер Албин Курти на разговори за нормализирање на односите.

На денешната средба ќе се види дали тие ќе го прифаќаат европскиот план.

Ова би бил втор нивен договор, по бриселскиот договор постигнат во април 2013 година.

Таканаречениот француско-германски план поддржан од САД засега не е достапен за јавноста. А челниците на Србија и на Косово го добија пред неколку месеци. Европските претставници најавија дека ќе го објават договорот, доколку двете страни потврдат дека го прифаќаат.

Во декември минатата година, Радио Слободна Европа објави содржината на планот, за кој различни дипломатски извори тврдат дека е најверодостојната верзија објавена во медиумите до тој момент.

Планот од десет точки предвидува еднакви права за Србија и Косово, почитување на територијалниот интегритет и неповредливост на границите, признавање на државните симболи и меѓусебно отворање на дипломатски претставништва.

Во планот не се споменува можноста за членство на Косово во Обединетите нации, но експлицитно е наведено дека Србија нема да се противи на членството на Косово во ниту една меѓународна организација.

Прашањето за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство на Косово, иако не со тоа име, се споменува во смисла на „посебни аранжмани за српската заедница на Косово“.

Предвидено е и официјализирање на статусот на Српската православна црква на Косово и обезбедување силно ниво на заштита на српското верско и културно наследство и верски објекти, во согласност со постоечките европски модели.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Саснович вышла в третий раунд турнира WTA-1000 в Риме






«Спартак» не проигрывает на протяжении семи матчей

«Спартак» обыгрывает «Краснодар» после первого тайма благодаря голу Зобнина

Shot: в Москве 10-летней девочке лифтом зажало и вырвало средний палец

Панда Катюша общается с посетителями через стекло