Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Црна Гора и Албанија заедно ќе градат мост над река

0
Црна Гора и Албанија заедно ќе градат мост над река

Црна Гора и Албанија договорија неколку заеднички проекти за развој и соработка меѓу двете земји. Премиерите на Црна Гора и Албанија Дритан Абазовиќ и Еди Рама на 27 февруари во Подгорица потпишаа неколку меѓународни договори, меѓу кои е договорот за изградба на мостот на реката Бојана вреден 20 милиони долари и отворање на заедничкиот граничен премин.

Абазовиќ изјави дека изградбата на мостот Бојана ќе чини околу 20 милиони евра и дека мостот ќе го скрати растојанието меѓу двете земји од десетици километри на 300 метри.

„Идејата за проектот ја покривме со наши средства, додека изградбата ќе ја покриеме со заеднички средства. Во Црна Гора платите се повисоки, така што Албанија не може да го плати мостот, ако веќе ја платила идејата за проектот“, изјави премиерот во техничкиот мандат.

Според него овој инфрастуктурен проект ќе овоможи нов туристички производ за двете земји.

„Целта е луѓето да имаат полесен пристап, полесно да поминуваат, да се намали сообраќајниот метеж, да се доведе развојот на таа зона на повисоко ниво“, додаде Абазовиќ.

Денеска е потпишан и Договор за отворање на заедничкиот граничен премин Свети Никола-Пулај на територијата на Албанија. На денешната заедничка владина седница беа потпишани уште осум договори и меморандуми за соработка во енергетијата, риболовство, социјална помош, одбрана, здравство и култура.

Албанскиот премиер Рама рече дека уште еднаш ја почувствувале „топлината на пречекот и афирмацијата на братството меѓу двете земји“.

„Албанија и Црна Гора се повеќе од соседи. Се среќаваме во време на предизвици за Европа и нашиот регион и во тој контекст, освен директните предизвици, важноста на ова братство и соседство изгледа многу поголема“,изјави Рама.

Според Рама и двете земји се „целосно посветени“ на членството во Унијата, па брзината на пристапување во Унијата ќе зависи и од регионалната соработка.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Саснович вышла в третий раунд турнира WTA-1000 в Риме






Танцоры из Асбеста выступят в Москве

Участник встречи на Эльбе ветеран США Кон призвал не допустить третьей мировой

Губернатор Воробьев: пока рано говорить о том, что будет на месте «Крокуса»

ФК «Краснодар» в рамках 28-го тура РПЛ сыграет со «Спартаком»