Министрите за надворешни работи на НАТО на видео состанок за разговорите со Русија
Шефовите на дипломатијата на земјите членки на НАТО ќе одржат видео состанок како подготовка на најавениот состанок на Советот НАТО-Русија што на 12 јануари ќе се одржи во Брисел. Состанокот на Советот е еден од трите што ќе се одржат како дел од напорите на САД и западните сили да ја одвратат Москва од евентуална инвазија врз Украина, откако распореди десетици илјади војници долж границата меѓу двете земји. Првиот е в понеделник во Женева, а САД ќе бидат претставени од заменик-државниот секретар Венди Шерман. Читать дальше...