Русија го повика американскиот амбасадор бидејќи Бајден го нарече Путин „воен злосторник“
Министерството соопшти дека упатило демарш и му врачило протестна нота на Саливан „во врска со неодамнешните неприфатливи забелешки на шефот на Белата куќа, Џо Бајден, во однос на претседателот на Русија“.
„Ваквите изјави на американскиот претседател, кои не се достојни за висок државник, ги доведоа руско-американските односи на работ на прекин“, се додава во соопштението.
Киев повторно гранатиран, Мариупол не се предава
Бајден го нарече Путин „воен злосторник“ кога разговараше со новинарите на 16 март.
Еден ден подоцна тој го нарече Путин „чист силеџија“ и „убиствен диктатор“, иако не ги повтори зборовите „воен злосторник“.
Прес секретарот на Белата куќа, Џен Псаки, тогаш изјави дека Бајден „зборува од срце“ откако видел слики на телевизија за „варварските дејствија на брутален диктатор со неговата инвазија на странска земја“.
Бајден го нарече Путин „воен злосторник“
Откако Путин ја започна големата инвазија на Украина на 24 февруари, од руски воздушни напади беа погодени повеќе цивилни цели, вклучувајќи болници, училишта, станбени згради и други граѓански структури.
Русија негира дека целела на цивили и покрај многуте докази за спротивното, како што е документирано од медиумите, од очевидци и видеата на социјалните мрежи од внатрешноста на Украина.