Преговорите за иранската нуклеарна програма продолжуваат во ноември
Преговарачот Али Багери Кани на Твитер напиша дека имал „сериозен и конструктивен разговор за основните елементи за успешни преговори и дека по средбата со претставниците на ЕУ во Брисел е одлучено преговорите да започнат пред крајот на ноември“. „Точниот датум ќе биде објавен следната недела“, изјави Кани, пренесува Ројтерс. Техеран и шесте светски сили започнаа преговори во април за начините за спас на нуклеарниот договор од 2015 година, кој беше напуштен од преодната американска администрација. Читать дальше...