Ескобар: На Западен Балкан му се потребни политичари посветени на интеграцијата во ЕУ
Американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска изјави дека на регионот му се потребни политички лидери посветени на европската интеграција, отворени за дијалог, кои ќе се занимаваат со можностите на 21 век, а не со проблемите од минатото. „Клучот за посилен Западен Балкан е оној што создава инклузија, а не исклучување, интеграција наместо распаѓање, етничко помирување, а не националистички политики“, рече Ескобар на Белградскиот безбедносен форум. Според него, еден од најголемите... Читать дальше...