Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Новости за 24.10.2021

Нови 227 заразени со ковид, вкупно 16 лица починале

SlobodnaEvropa.mk 

Регистирани се 227 нов случаи на заразени со ковид 19, од направени 2.595 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје има 128 новозаразени, Куманово – 15, Прилеп – 12, Штип – 11, Крива Паланка – 9, Кавадарци – 8, Битола и Свети Николе – по 6, Охрид, Струмица и Неготино – по 5, Велес и Пробиштип - по 4, Тетово – 3, Гевгелија – 2, Кочани, Радовиш, Делчево и Виница – по 1. Регистрирани сe 111 оздравени пациент. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 6 починати... Читать дальше...

Раст на заразени и починати од ковид во Србија, најава за построги мерки

SlobodnaEvropa.mk 

Во Србија во изминатите 24 часа како последица на ковид починале 61 лице, со што бројот на починати од почетокот на пандемијата се искачи на 9.509, соопшти денеска Министерството за здравство. Во земјата се регистрирани 5.733 нови случаи на заразени со ковид-19, од направени 17.354 тестирања. На болничко лекување се наоѓаат 6.724 пациенти, од кои 289 на респиратор. Од почетокот на пандемијата вирусот е потврден кај 1.098.209 лица. Од Кризниот штаб најавуваат можност за проширување на рестриктивните мерки... Читать дальше...

Претседателот на Уганда смета дека експлозијата во главниот град е терористички чин

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Уганда Јовери Мусевени денеска ја нарече „терористички чин“ експлозијата во која загина едно лице, а повеќе беа повредени во главниот град Кампала. „Изгледа дека се работи за терористички чин, но ние ќе ги најдеме сторителите“, напиша Мусевени на Твитер, наведувајќи дека има еден загинат и петмина повредени. Експлозијата се случи синоќа околу 21 часот, во квартот Кавемпе во северниот дел на Кампала каде што се наоѓаат популарните ресторани. Полицијата синоќа соопшти дека се... Читать дальше...

Руски и кинески бродови со заеднички патроли во Тихиот Океан

SlobodnaEvropa.mk 

Руски и кинески воени бродови ги организираа првите заеднички патроли во западниот дел на Тихиот Океан од 17 до 23 октомври, соопшти руското Министерство за одбрана. Москва и Пекинг, кои претходно овој месец организираа вежби за поморска соработка во Јапонското Море, во последните години одржуваат блиски воени и дипломатски врски, во момент кога нивните односи со Западот се влошени. Поморските маневри внимателно ги следи Јапонија, која претходно оваа недела соопшти дека група од 10 бродови од Кина и Русија пловеле низ Теснецот Цугару... Читать дальше...

Земјотрес со магнитуда од 6,5 го погоди Тајван, една жена повредена

SlobodnaEvropa.mk 

Земјотрес со магнитуда од 6,5 денеска го погоди североисточниот дел на Тајван и предизвика одрони на камења кои повредија една жена, а едно возило е оштетено, соопштија властите. Нема пријавени жртви и засега нема информации за поголема штета. Жителите пријавиле дека почувствувале силно тресење во главниот град Тајпеј. Тајванските служби констатирале земјотрес со магнитуда 6,5, додека Американскиот геолошки институт проценил 6,2. После главниот потрес имало уште еден помал со магнитуда 5,4. Читать дальше...

Осум сирачиња умреле од глад во Кабул

SlobodnaEvropa.mk 

Политички лидер на етничките Хазари и поранешен пратеник во авганистанскиот парламент рече дека осум сирачиња, кои умреле од глад, биле пронајдени во западниот дел на Кабул. Во изјавата објавена на Фејсбук денеска, Мохамад Мохакик вели дека децата умреле пред околу една недела. Тој вели дека биле погребани од локалниот свештеник и жителите во населбата каде што биле пронајдени. Свештеникот рекол дека најстарото дете имало 8, а најмалото 1,5 години. „Тие немале никого“, рекол тој. „Нивните родители се мртви... Читать дальше...

МВР негира дека полициски функционери планирале да малтретираат гласачи

SlobodnaEvropa.mk 

Категорично ги отфрламе како невистинити сите обвинувања за наводно „координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе”, реагираат од МВР по прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на која беше решено дека полицајци блиски до СДСМ договарале малтретирање на луѓе за изборите. „Ја информираме јавноста дека МВР нема креирано таква вибер група и дека активностите на МВР и во Прилеп и во кој било друг град не се координираат преку вибер групи. Во исто време, после направена... Читать дальше...

Маратонот во Вухан откажан поради ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Маратонот во Вухан, кој требаше да биде одржан денеска, е откажан во последен момент, поради загриженост од порастот на бројот на случаи на коронавирус во Кина во пресрет на Зимските олимписки игри 2022 во Пекинг. Кина во неделата регоистрира 26 нови случаи на коронавирус, на нешто повеќе од 100 дена од почетокот на Игрите. Властите се обидуваат да го спречат ширење на инфекцијата со масовно тестирање и таргетирани затворања. Поради порастот на бројот на случаи, организаторите на маратонот во Вухан... Читать дальше...



ВМРО-ДМПНЕ: Полицајци блиски до СДСМ договарале малтретирање на граѓани за изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Злосторничката групација составена од полицајци на Зоран Заев и Оливер Спасовски договарале малтретирање на граѓани за изборната кампања, рече денеска на прес-конфернеција членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Тој вели дека информациите им ги доставиле загрижени полицајци вработени во МВР кои не сакале да учествуваат повеќе во истата злостoрничка група. „Полицајци блиски до Социјалдемократскиот сојуз одработувајќи за оваа партија, формирале злосторничка група за време на изборната... Читать дальше...

Брнабиќ – Беше планиран атентат врз Вучиќ

SlobodnaEvropa.mk 

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека бил планиран атентат на претседателот Александар Вучиќ на откривањето на споменикот на Стефан Немања на 27 јануари годинава во Белград. „Планирано е долго и детално. Формирани се паралелни структури во Министерството за внатрешни работи и водени се кампањи во тајкунските медиуми, кои ги пренесуваа и медиумите во регионот, за да го демонизираат Вучиќ и од него и од неговото семејство да направат криминален клан“, рече денеска таа за телевизија Пинк. ... Читать дальше...

Се преговара за дозвола косовските боксери да се натпреваруваат во Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународната аматерска боксерска асоцијација соопшти дека е во преговори со Српската боксерска федерација за Белград да им дозволи на косовските боксери да влезат во земјата и да се натпреваруваат на Светското првенство. Годинава Србија е домаќин на Светското првенство во бокс, кое се одржува од 24 октомври до 6 ноември. Косовскиот олимписки комитет доцна на 23 октомври соопшти дека на нивните спортисти двапати им била одбиена дозволата да ја преминат границата од српските власти. Во објава на Фејсбук... Читать дальше...

САД ја повикаа Северна Кореја да престане со ракетните проби

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот пратеник задолжен за севернокорејски прашања Сунг Ким денеска ја повика Северна Кореја да прекине со најновата серија на ракетни проби и да се врати на преговорите. Повикот доаѓа откако Пјонгјанг изведе прво подводно лансирање на балистички ракети во последните две години. Сунг Ким ова го изјави по состанокот со претставници на Јужна Кореја со кои разговарал за неодамнешните ракетни проби на Северна Кореја, кои се случуваат во време додека дипломатските односи меѓу Вашингтон и Пјонгјанг се во застој. Читать дальше...

Претседателски избори во Узбекистан

SlobodnaEvropa.mk 

Во Узбекистан денеска се одржуваа претседателски избори на кои се очекува актуелниот претседател Шавкат Мирзијоев да добие втор мандат, со оглед на тоа што нема на опозициски кандидати. Мирзијоев се соочува со четворица малку познати кандидати кои главно се провладини. На три опозициски партии не им беше дозволено да се пријават или да имаат кандидати во трката за претседател. Ова се шести претседателски избори во Узбекистан откако земјата со околу 35 милиони жители ја стекна својата независност... Читать дальше...

САД - Анкара да даде објасување за протерувањето дипломати

SlobodnaEvropa.mk 

Стејт департментот бара од Анкара да разјасни зошто турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара да се прогласат амбасадори на 10 држави за персона нон грата, меѓу кои и шефот на дипломатската мисија на САД. Претходно, претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли ги оквалификува акциите на Турција како авторитарна тенденција. Вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека му наложил на Министерството за надворешни работи да прогласи 10 амбасадори за „персона нон грата“, вклучително и оние од САД... Читать дальше...

Временска прогноза – облачно и посвежо

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температурата ќе достигне во 18 степени. Во Скопје слично време со максимална температура до 15 степени. Климатските промени ги намалија приносите и ги зголемија цените на производите Од утре времето ќе биде стабилно и без дожд, но температури ќе бидат под просекот за овој период од годината. Читать дальше...

Димитров - Постои обврска и Бугарија да не се меша во внатрешните македонски работи

SlobodnaEvropa.mk 

Во Договорот, одредбата за немешање во внатрешните работи е реципрочна. Нашата обврска да не се мешаме во бугарските внатрешни работи постои, но постои и обврска за Бугарија да не се меша во внатрешните македонски прашања. Туку можеби прво прашање е правото на самоопределување и самоизјаснување и тука е тој судир на позициите со договорот и правната рамка на некој начин што ја прави договорот, вели во интервју за РСЕ, вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров.

Димитров - Политичарите не може да им наредат на историчарите што да прават

SlobodnaEvropa.mk 

Политичарите не можат да им наредат на историчарите што да прават и што да не прават, значи нашата задача е да создадеме позитивен амбиент. Проблемот во работата на оваа Комисија е пред се идејата дека нивната работа треба да биде услов за нашиот напредок кон Европската унија. Кога ќе се стави тој притисок и таа уцена, не само што не се прави позитивен амбиент, туку се прави негативен амбиент, вели Никола Димитров, вицепремиер за евроинтеграции, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Арина Соболенко

Арина Соболенко призналась в том, что не любит женский теннис






Блогер Асхаб Тамаев попал в ДТП в районе "Москва-Сити"

Православные христиане отмечают Вербное воскресенье

Спортсмены из 31 региона РФ, Белоруссии и Казахстана приняли участие в фестивале адаптивного футбола

В Мытищах молодые пожарно‑спасательные команды проверили свои навыки