Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Новости за 30.10.2021

Пред вториот круг гласаа немоќни, болни и затвореници

SlobodnaEvropa.mk 

Без поголеми проблеми и пропусти помина гласањето во предвременото гласање од вториот изборен круг на локалните избори. Полицијата привела две лица за изборен поткуп во скопската населба Даме Груев.

Починати 13 луѓе и нови 495 случаи на заразени со ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминативе 24 часа во земјава се евидентирани 495 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени вкупно 4.145 тестирања. Според податоците од Министерство за здравство во изминатово деноноќие се починати 13 луѓе од последици од коронавирусот. Најмладиот починат пациент од ковид-19 во изминативе 24 часа имал 36 години од Велес, а најстариот бил жител на Крива Паланка на возраст од  73 години. Најголем број на новозаразени се евидентирани во Скопје вкупно 228, потоа Кавадарци 30 и Велес 27.... Читать дальше...

Германци го поддржуваат ограничувањето на брзината на автопатите од 130 километри на час

SlobodnaEvropa.mk 

Значително мнозинство Германци го поддржуваат крајот на долгогодишната традиција на „слободно возење за слободни граѓани“ и поддржуваат општо ограничување на брзината на автопатот од 130 километри на час покажува истражувањето објавено денеска. Како што јавува германската агенција ДПА анкетата е спроведена од Дојчланд Тренд за потребите на националниот јавен радиодифузен сервис АРД. Испитувањето покажува дека 60 отсто се за ограничување на брзините на автопатската мрежа без ограничување на брзината... Читать дальше...

СЗО предупреди да не се затвораат училиштата поради коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот огранок на Светската здравствена организација денеска ги предупреди владите во регионот да не ги затвораат училиштата, иако бројот на инфекции со Ковид-19 расте во многу земји. СЗО забележа дека, како што се приближуваше зимата, повеќе од половина од 53-те земји во европскиот регион на СЗО пријавија забележително зголемување на стапката на инфекција кај сите возрасни групи, со нови случаи зголемени за 18 отсто во регионот. „Училиштата треба да бидат последните места кои ќе ги затворат... Читать дальше...

МВР-Приведени две лица за изборен поткуп во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека полицајци од СВР Скопје привеле две лица од Скопје кои во скопската населба Даме Груев давале пари во замена за глас на локалните избори односно вршеле кривично дело по „поткуп при избори и гласање“. „На лицата на кои им давале пари за глас им земале копии од лични карти, а при приведувањето кај нив се најдени пари и други предмети“ се вели во соопштението на МВР. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Читать дальше...

Два послаби земјотреси во Албанија почуствувани во Дебар

SlobodnaEvropa.mk 

Повторно земјотреси ги вознемири граѓаните на Албанија но и жителите во пограничниот дел кон Северна Македонија, во близина на Дебар. По вчерашните серија земјотреси, попладнево во временско растојание од неколку минути беа регистрирани два потреса со епицентар во Булќиза, 30-ина километри од Дебар. Месотото припаѓа под околија Пешкопеја и се нарекува и Долни Дебар. Првиот земјотрес е регистран со јачина од 3,2 Рихтерови степени, на длабочина од два километра. Набргу потоа е регистран уште еден потрес со послаба јачина. Читать дальше...

Турско беспилотно летало ги вжештува украинско-руските односи

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера бранеше употребата на туски вооружен дрон во контраудар кон сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина. Тој посочи дека војската дејствувала во самоодбрана и не прекршила никакви договори. „Кога украинската армија ќе почувствува потреба да ја брани својата земја, таа го прави тоа. И понатаму ќе дејствува според овој принцип“, ја пренесува претседателскиот кабинет изјавата на Зеленски која е објавена на претседателската веб-страница. Украинската... Читать дальше...

Бродот со 400 мигранти и натаму плови во Егејско море

SlobodnaEvropa.mk 

Товарниот брод со околу 400 бегалци и мигранти што плови под турско знаме, сè уште не е пренесен на некое од пристаништата во Грција и сè уште се наоѓа во водите на Егејското море, јавува новинската агенција МИА. Грчките медиуми јавуваат дека Атина побарала од Анкара бродот да биде вратен назад во Турција, со оглед на тоа дека тргнал од турското крајбрежје, меѓутоа одговорот бил негативен. Државната телевизија „ЕРТ“ објави дека бродот се наоѓа во меѓународни територијални води и го придружуваат бродови на грчката крајбрежна служба... Читать дальше...



Молдавија и руската „Газпром“ се договорија

SlobodnaEvropa.mk 

Молдавската влада и руската државно контролираната компанија Гаспром соопштија дека се договориле да го продолжат договорот за испорака на руски природен гас за период од пет години. До ова доаѓа откако несогласувањата меѓу страните околу цената предизвикаа вонредна состојба и енергетска криза во поранешната советска република. Во краткото соопштение на компанијата „Газпром“ е наведено дека разговорите меѓу молдавската делегација и Гаспром завршиле во Санкт Петербург, при што страните постигнале... Читать дальше...

Обвинителство ги следи случувањата поврзани со изборниот процес

SlobodnaEvropa.mk 

Јавното обвинителство ги следи случувањата поврзани со изборниот процес, преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори. „Јавните обвинители посветено постапуваат во борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето, давајќи придонес кон нивно сузбивање и превенирање“... Читать дальше...

Масовни протести во Судан против воениот удар

SlobodnaEvropa.mk 

Илјадници луѓе почнаа да се собираат во главниот град на Судан, Картум на протести со барање за обновување на владата предводена од цивили, која беше соборена со воен удар. Демонстрантите носеа судански знамиња и додека маршираа низ улиците на главниот град извикуваа „военото владеење не е за пофалба“ и „оваа земја е наша, а нашата влада е цивилна“. Во изминатава недела неколку илјади Суданци веќе излегоа на улиците за да протестираат против соборувањето на кабинетот на премиерот Абдала Хамдок. Читать дальше...

Бугарија „урива црни рекорди “ на починати од ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатото деноноќие во Бугарија се регистрирани 5.256 новозаразени со коронавирус од направени 53.300 тестови. Од нив 87 отсто се невакцинирани, покажуваат податоците на Единствениот информативен портал. Само во последните 24 часа во Бугарија починаа вкупно 154 луѓе од последици од коронавирусот. Бројот на починати кај кои е потврден Ковид-19 во Бугарија од почетокот на пандемијата е 23.872. Вкупниот број на пациенти со овид-19 во болниците е 7.680, од кои 676 се на одделенија за интензивна нега или клиники. Читать дальше...

Првата група на ЛГБТ од Авганистан пристигна во Британија

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе од дваесетина Авганистанци од ЛГБТ заедницата пристигнаа во Британија. Тие се извлечени од Авганистан со интервенции на британската министерката за надворешни работи Лиз Трус и организациите за правата на хомосексуалците, кои се обидуваа да им помогнат на овие луѓе да ја напуштат земјата откако талибанците ја презедоа власта. Во соопштението на Министерството за надворешни работи се наведува дека се надеваат оти пристигнувањето на 29-те Авганистанци ќе биде првото од многуте во наредните месеци. Читать дальше...

ДИК-Досега гласањето на болни, немоќни и затвореници без проблеми

SlobodnaEvropa.mk 

Државната изборна комисија денеска соопшти дека без проблеми и пропусти се одвива денешното гласање на болните, немоќните и заразените со ковид-19 во нивните домови, како и на затворениците, притворениците и жителите на старските домови.   Во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа не се спроведува гласање, затоа што во првиот изборен круг не беше постигната минималната потребна излезност на гласачи, па за нив ќе се распишуваат повторно избори.  Вториот изборен круг стартуваше, денеска гласаат болните... Читать дальше...

Климатски промени една од главните теми на состанокот Г20 во Рим

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на 20 -те светски економски сили денеска ќе седнат на дводневен состанок во Рим каде што ќе дебатират за климатските промени и глобалната економија. Тоа ќе биде прва средба во лице на Групата 20 (Г20) од почетокот на пандемијата пред речиси две години. Дел од темите кои ќе бидат на маса за разговор меѓу светските лидери се и ковид-19 и дистрибуција на вакцини според агендата. Состанокот на Г20 се одржува непосредно пред климатската конференција на ОН во Глазгов, Шкотска, а лидерите се... Читать дальше...

Нови откритија за Алцхајмеровата болест

SlobodnaEvropa.mk 

Научници велат дека можеби откриле дека Алцхајмеровата болест напредува поинаку отколку што беше предложено претходно. Научниците од Универзитетот во Кембриџ и Медицинскиот факултет Харвард велат дека веруваат дека Алцхајмеровата болест не започнува во една област на мозокот пред да се прошири во други региони. Според наодите на истражувачите, групите на токсични протеини кои се сметаат за одговорни за когнитивниот пад поврзан со Алцхајмеровата болест рано допираат до различни региони на мозокот, а потоа се акумулираат во текот на децении. Читать дальше...

Вториот изборен круг стартуваше, денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

SlobodnaEvropa.mk 

Општински изборни комисии денеска ги обиколуваат 44 - те општини каде се одржува вториот изборен круг за да гласаат болните, немоќните и заразените со ковид-19 како и тие кои се во самоизолација. Општинските изборни комисии денеска ќе им помогнат својот глас на локалните избори да го дадат и затворениците, лицата во притвор, во старските домови и внатрешно раселените лица. Државната изборна комисија одлучи лицата што ќе гласаат денеска да не бидат проверувани со новите апарати за отчитување на отпечаток туку гласањето да се спроведе УВ ламба... Читать дальше...

Дилемата за потеклото на ковид-19 засега нерешлива

SlobodnaEvropa.mk 

Американските разузнавачки агенции сметаат деа можеби никогаш нема да можат со сигурност да го откријат потеколото на ковид -19 односно да одговорат на прашањата дали пандемијата настана со пренос на вирусот од животно на човек или протече од лабораторија. Канцеларијата на американскиот директор за национално разузнавање вчера вечерта објави екласифицираниот извештај од 18 страници. Во него е посочено дека природното потекло на вирусот и истекувањето на вирусот од лабораторија се веродостојни хипотези... Читать дальше...

Кога Балканскиот картел „им ја вози“ дрогата на јужноамериканските наркобосови

SlobodnaEvropa.mk 

Според експерт, кој зборуваше за Радио Слободна Европа, важноста на балканскиот картел на нарко-рутата од Јужна Америка се рефлектира во фактот дека голем број луѓе се вклучени во овој бизнис, пред се во транспортот, бидејќи се работи за „многу дрога“. Автор: Соња Гочанин

Од утре зимско сметање на времето

SlobodnaEvropa.mk 

Вечерва во три часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад, односно времето во три часот ќе се смета како два часот. Специфика за земјава е што промената на времето случуva во предвечерието на вториот круг од локалните избори. Зимското сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европскиот континент, освен во Исланд, Русија и Белорусија. Зимското сметање на времето почнува во последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година... Читать дальше...

Личните карти викендов ќе може да се подигнат од МВР

SlobodnaEvropa.mk 

Во пресрет на одржувањето на вториот круг од Локалните избори, што ќе се одржи утре, Министерството за внатрешни работи информира дека денеска и утре управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да подигнат лични карти. Тоа значи дека во 44 општини граѓаните кои имаат итна потреба да сменат лична карта, тоа ќе можат да го направат во подрачните едници на МВР, односно денеска да се фотографиират а утре да ја подигнат новата лична карта. Читать дальше...

Сончево со утринска магла по котлините

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска не очекува сончево време со слаб јужен ветер и со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини во утринските часови. Максималните температури ќе бидат во интервал од 15 до 20 степени. Во Скопје и околината наутро со слаба магла, а преку денот сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 17 степени. Утре и во понеделник ќе преовладува стабилно време, со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини и речни долини во утринските часови. Врнежи... Читать дальше...

Вистинските проблеми за кои не се зборува

SlobodnaEvropa.mk 

Во некои населени места во Македонија нема вода, па луѓето мора да носат во буриња, во други нема пат, а во делови од земјата нема ни луѓе, бидејки се иселиле, главно поради невработеноста и сиромаштијата. Проблеми, кои сите ги знаат, но или малку се зборува за нив или се игнорираат.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Свёнтек разгромила Кырстю и вышла в 1/8 финала турнира WTA-1000 в Мадриде






Улицы Москвы подтопило из-за ливня

Пассажир авиарейса из Москвы в Барнаул устроил на борту дебош и был задержан

На банковской конференции АБР обсудят финансирование структурной трансформации экономики и отраслевые драйверы роста

В Москве «Газель» сбила пешехода из-за оставленных ключей в замке зажигания