Нови 399 случаи на коронавирус, 21 починати
Во последните 24 часа регистрирани се 399 нови случаи на ковид-19 од направени 3.337 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Починале 21 луѓе, од кои 17 во изминатото деноноќие, а четворица од 24 до 30 септември.
Краток спој на продолжниот кабел и одговорноста за пожарот во тетовската болница
Во Скопје има 197 нови случаи, Куманово 49, Тетово 15, Кочани 14, Битола 13, Кавадарци 11, Велес и Крива Паланка по 10, Струмица 8, Штип, Кичево, Гевгелија и Кратово по 6, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Валандово по 5, Прилеп 4, Гостивар, Охрид, Богданци и Македонска Каменица по 3, Неготино, Свети Николе и Виница по 2, и во Струга, Дебар, Берово, Македонски Брод, Демир Хисар и Пехчево има по еден нов случај.
Регистрирани сe 1.348 оздравени пациенти.
Починатите се на возраст од 59 до 93 години.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 193.052 бројката на оздравени пациенти е 175.496, на починати е 6.740, а бројот на активни случаи изнесува 10.816.