Романскиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата
Романскиот парламент денеска ѝ изгласа недоверба на либералната влада на премиерот Флорин Кицу, со што се отвора период на политичка нестабилност во земјата во ек на четвртиот бран на ковид-19.
За недоверба на владата гласаа 281 пратениците, значително повеќе од потребните 234.
Седум загинати во пожарот во ковид одделение во Романија
Кицу, кој е поранешен банкар, ја води владата од изборите во декември, а во последните месеци беше на мета на критики и на левицата и на десницата.
За соборување на владата гласаа пратениците од Сојузот за спас на Романија од десниот центар, кои досега беа дел од владата, но и опозициските Социјалдемократи и екстремно десничарската АУР.
Владејачките либерали ПНЛ го бојкотираат гласањето и го осудија „неодговорното“ однесување на трите партии.
„Што добивате со тоа што ја втурнувате земјата во хаос“, рече премиерот на почетокот на парламентарната седница, во обраќањето до партиите кои поднесоа предлог за недоверба на владата.
Премиерот го напушти Парламентот и не го дочека резултатот од гласањето.
По изгласувањето на недоверба, Кицу може да продолжи да ја води владата најмногу 45 дена, но со ограничен капацитет за дејствување, на пример не би можел да потпишува итни укази.
Сè уште не е познато дали ќе има предвремени избори, бидејќи редовните се закажани за 2024 година.