Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Падобранци загинаа во авионска несреќа во рускиот Татарстан

0
Падобранци загинаа во авионска несреќа во рускиот Татарстан

Неколку луѓе загинаа кога авион со падобранци се урна кратко време по полетувањето во рускиот регион Татарстан.

Неименуван извор за државната новинска агенција РИА Новости изјави дека 16 лица загинале во инцидентот на 10 октомври, во близина на градот Мензелинск.

Руските агенции објавија дека во авионот имало 23 лица, од кои 21 падобранец и двајца членови на екипажот. Интерфакс објави дека седум лица се спасени.

Каналот „Телеграм 112“ објави фотографија од остатоците и тврди дека загинале 19 лица. 

Авионот беше двомоторен Л-410, дизајниран од чехословачката фирма „Лет Куновице“ (сега Еркрафт Индустрис), а од 2018 година се произведува во Русија во градот на Урал Екатеринбург.

Најмалку четворица мртви при пад на авион во Сибир

Тој е дизајниран да превезува до 19 патници на растојание до 1.500 километри. Неименуван извор за новинската агенција ТАСС изјави дека се испитува можно преоптоварување како фактор што придонел во инцидентот во Татарстан.

Ова е трета фатална несреќа со Л-410 од јуни оваа година.

На 19 јуни, тројца патници и двајца пилоти загинаа кога Л-410 направи тешко слетување во сибирската област Кемерово.

На 13 септември, четири лица загинаа кога Л-410 се урна во оддалечена шумска област на сибирскиот Иркутск.

Авионот Л-410 што се урна во Татарстан припаѓаше на доброволна организација за воени подготовки позната по кратенката ДОСААФ.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

Рублев оставил загадочное послание после победы в Мадриде






Сотрудники «Россетей» привели в порядок 23 памятника Подмосковья

Путин поручил повышать МРОТ опережающими темпами

МИД Абхазии: Ардзинба подал заявление об отставке из-за перехода на новую работу

В Пушкинском округе возобновят подачу тепла в дома