Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Меркел-Бенет: Германија сѐ уште носи одговорност за Израел

0
Меркел-Бенет: Германија сѐ уште носи одговорност за Израел

Канцеларката Ангела Меркел изјави дека Германија сѐ уште носи одговорност за Израел, додека разговараше со премиерот Нафтали Бенет за време на последното официјално патување во земјата.

„Холокаустот се разбира е единствен настан за кој продолжуваме да носиме одговорност. Во секоја фаза од минатото, како и во иднина“, рече Меркел денеска пред новинарите.

Бенет рече дека Меркел, која се повлекува откако ќе завршат преговорите за коалиција во Германија по изборите одржани во септември, е „моралниот компас на целиот европски континент“.

Тој ја пофали улогата на 67-годишната политичарка во зацврстувањето на специјалниот однос меѓу двете земји врз основа на „историската, длабока рана“ нанесена од нацистичка Германија врз Евреите во Втората светска војна.

Меркел се сретна и со израелската влада.

Владејачката коалиција се состои од вкупно осум партии од десната и левата страна од политичкиот спектар, вклучително за прв пат и арапската партија. Десничарскиот конзервативец Бенјамин Нетанјаху во јуни беше резрешен од функцијата премиер, откако беше на власт од 2008 година.

Кој ќе формира влада во Германија?

Канцеларката исто така планира да разговара со претседателот на Израел Исак Херцог и со министерот за надворешни работи Јаир Лапид, за прв пат откако владата и претседателот ги започнаа мандатите во јуни и јули.

Се очекува фокусот на разговорите да биде иранската нуклеарна програма, прашањето за независноста на палестинската држава и билатералните прашања, како и многу други теми.

Ангела Меркел планираше да патува во Израел на крајот на август, но беше одложено поради развојот на ситуацијата во Авганистан и доаѓањето на талибанците на власт.

Подоцна денеска, канцеларката во присуство на Бенет планира да положи венец во Меморијалниот центар Јад Вашем во Ерусалим.

На втората церемонија, Меркел ќе добие почесен докторат од израелскиот институт за технологија, Технион во Хаифа во северен Израел. Меркел и Бенет потоа ќе се сретнат заедно со претставниците на компанијата.

Канцеларката во понеделник ќе отпатува за Германија.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

WTA огорчила Елену Рыбакину после турнира в Мадриде






Американского солдата арестовали в России: он приехал в гости к виртуальной подружке

Синоптик Варакин: Теплая погода в Москве ожидается во второй половине мая

Добычу щебня в Питкяранте начнут на новом месторождении

2500 в час. Кем оказался уснувший в библиотеке в Москве голый американец