Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Радев: алармантни случаи на дискриминација на граѓаните со бугарска самосвест во С.Македонија

0
Радев: алармантни случаи на дискриминација на граѓаните со бугарска самосвест во С.Македонија

Почитувањето на човековите права и недискриминацијата се фундаментални принципи во основата на Европската унија, и затоа тие мора да бидат водечки критериум во политиката на проширување на ЕУ, рече претседателот на Република Бугарија Румен Радев за време на состанокот со министерот за надворешни работи и европски прашања на Република Хрватска Гордан Грлиќ-Радман, соопшти прес-службата на претседателот.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев и Грлиќ-Радман, беа едногласни дека во интерес на стабилноста на Балканот, европската перспектива на земјите од регионот е од клучно значење, но со исполнувањето на сите критериуми за проширување.

Стоев: нов круг консултации меѓу Софија и Скопје до крајот на октомври

Претседателот Радев ги оцени како алармантни случаите на дискриминација и систематско кршење на човековите права на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест. Тој изрази поддршка за нивната желба да бидат вклучени меѓу деловите на нациите наведени во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија, како и на нивните очекувања за објективно одразување на резултатите од пописот.

„За нас е важно меѓу младите од Република Северна Македонија да не се влева омраза кон Бугарите“, рече претседателот на Бугарија и даде пример со учебниците во земјата, каде што се уште има искривени толкувања на Бугарија и Бугарите.

Румен Радев и Гордан Грлиќ -Радман констатираа дека билатералните односи меѓу Бугарија и Хрватска се одлични и постојат можности за проширување на соработката во областите од заеднички интерес, како и во блиското културно-историско наследство.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

ATP представила новые правила парного тенниса






Посол РБ в РФ Крутой: страна заинтересована в программах России по беспилотникам

Лучшие кадеты ПФО побывали на репетиции Парада Победы в Москве

Соседки избили пенсионерку-ветерана в пансионате Красноярска

Свой день рождения White Queen отметила вечеринкой в космическо-морской тематике