Министри на Израел и ОАЕ во Вашингтон, Иран во фокусот на разговорите
Загриженоста за состојбата во Иран, која се очекува да биде високо на агендата, помогна да се соберат Израел и земјите од Персискиот залив откако тие воспоставија односи минатата година како дел од „Абрахамските спогодби“. Како резултат на тие спогодби Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Мароко станаа првите арапски држави што ги нормализираа односите со Израел по неколку децении.
Израелскиот премиер во ОН: Иран е закана за светската безбедност
„Абрахамските спогодби можат да помогнат да се постигне помирен и просперитетен Блиски Исток“, изјави висок претставник на Стејт департментот.
Соединетите Држави се надеваат дека може да се искористи нормализацијата за да се постигне напредок во израелско-палестинските односи, изјави официјалниот претставник пред новинарите. Службеникот исто така рече дека САД, Израел и ОАЕ ќе формираат работни групи за проширување на соработката за енергија, вода и верски соживот.
