Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Талибански министер во Турција на средба со Чавушоглу

0
Талибански министер во Турција на средба со Чавушоглу

Талибанска делегација предводена од вршителот на должноста министер за надворешни работи Амир Кан Мутаки денеска ќе разговара во Турција со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Портпаролот Абдул Кахар Балки на својот официјален профил на Твитер напиша дека во Анкара Мутаки ќе се сретне и со други министри и со нив ќе разговара за помош, миграција, воздушен транспорт и трговија.

Талибанците ја соборија авганистанската влада поддржана од Запад во август по кратка офанзива низ целата земја која беше зафатена од војна. Тоа се случи во период кога се повлекуваа странските сили предводени од САД, што стави крај на дводеценискиот конфликт.

Се враќаат домашните летови во Авганистан

Турција која е членка на НАТО ја остави отворена својата амбасада во Авганистан во период кога западните земји се повлекоа по преземањето на власта од Талибанците. Во изминатиов период Анкара соработува со Катар со цел да помогне во повторното целосно отварање на аеродромот во Кабул и за меѓународни патувања.

Економијата на Авганистан е во слободен пад, со што најголемиот дел од помошта е прекината. Како што се ближи зимата, така се зголемуваат цените на храната и се зголемува невработеноста.

„Немаме пари“: Талибанците го втурнаа Авганистан во економски хаос

Посетата доаѓа еден ден откако Чавушоглу им рече на новинарите дека тој и министрите од други земји планираат да го посетат Кабул на разговори со Талибанците.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Анастасия Павлюченкова

Павлюченкова официально аккредитовала на турнир в Риме двух своих собак






Ереван заявил о нежелании участвовать в финансировании ОДКБ

«Символ бессмертия и героизма»: в Москве возложили цветы к памятнику Мусе Джалилю

Грузовик насмерть сбил девочку на велосипеде в Подмосковье

Новые рентген-аппараты установили в больницах Пушкино и Шаховской