Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Даштевски-ДИК почна со дистрибуција на избирачки материјал

0
Даштевски-ДИК почна со дистрибуција на избирачки материјал

Државната изборна комисија денеска почна со дистрибуција на избирачкиот материјал за претстојните Локални избори што ќе се одржат в недела. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски изјави дека станува збор за доверлив материјал кој содржи гласачки ливчиња и изводи од избирачкиот список.

„Се е подготвено и денес ќе се дистрибуира цел материјал затоа што активностите ги почнавме во раните утрински часови со цел материјалот на време да пристигне во сите општини. Утре ќе ги предадеме и уредите за биометриска идентификација на гласачите во сите ОИК и изборната комисија за Град Скопје,“ изјави Даштевски.

Првото „фингерпринт гласање“ во Македонија во 10 чекори

Во битолската печатница „Киро Дандаро“ отпечатени се околу 4,5 милиони ливчиња и материјал што го придружува избирачкиот материјал за реализација на изборите.

Отворени прашања за апаратите за отчитување на отпечаток

„Овие гласачки ливчиња заштитени со над 20 заштити и не е можно никакво фалсификување, ниту пренесување на ливчиња од едно на друго избирачко место затоа што сите ливчиња се обележани и заштитени. За печатење на избирачкиот материјал потрошивме околу 40 тони хартија за ливчиња и дополнителни 20 тони хартија за записници“,изјави Драги Милошевски, генерален менаџер на печатницата. 

Локалните избори ќе се одржат в недела на 17 октомври. Гласањето за изборите почнува в сабота, а први ќе гласаат пријавените болни и немоќни, лицата со ковид-19 и во самоизолација, затворениците, лицата во притвор, и во старечки домови. Првпат на овие избори идентификацијата на гласачите ќе се врши со уреди за биометриска идентификација односно со отпечаток од прст, а како и за претходните избори, ќе се применуваат мерки за заштита од ковид-19




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Двенадцать казахстанских теннисистов поднялись в рейтинге ATP






На мотоциклы из кортежа президента открыт предзаказ — старт продаж в 2025 году

Певица Глюкоза трогательно поздравила дочь в день ее 17-летия

Представители «Народного фронта» поздравили ветеранов ВОВ с Днем Победы

Задержана глава "нищенской мафии", использовавшая рабский труд иностранцев