Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Извори за РСЕ: Навални е добитник на наградата Сахаров

0
Извори за РСЕ: Навални е добитник на наградата Сахаров

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални е избран за добитник на наградата Сахаров за слобода на мислата, велат извори за Радио Слободна Европа.

Навални на 20 октомври беше избран за добитник на наградата од страна на европските пратеници, велат за РСЕ два извори кои знаат за одлуката, откако влегол во потесен избор заедно со група жени од Авганистан и со боливиски опозициски политичар кој е во затвор. 

Навални беше затворен во јануари, откако се врати во Русија од Германија каде што беше на лекување од труење, за кое рече дека било направено по наредба на Кремљ, обвинение кое Москва го негира.

Навални под нова истрага за „екстремизам“

Навални потоа беше осуден на две ипол години затвор под обвинение за прекршување на условната слобода, што тој го осуди како политички мотивирано.

Минатата година наградата и беше доделена на белоруската демократска опозиција, која организираше неколкунеделни протести против Александар Лукашенко по спорните претседателски избори за кои тврдеше дека победил, но за кои опозицијата и Западот сметаат дека во голема мера се наместени во негова корист.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Арина Соболенко

Швентек и Соболенко устроили триллер за престижный трофей






Reels за 300 тысяч: какими будут последствия первого суда над блогерами за кражу контента

В Госдепе заявили, что CША признают Путина президентом России

Вечеринку в стиле морского приключения провела в свой день рождения White Queen

Анна Данилова дала старт Всероссийской акции "Синий платочек Победы" 2024 на станции метро Курская