Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Во Израел откриена подваријанта на делта сојот на коронавирусот

0
Во Израел откриена подваријанта на делта сојот на коронавирусот

Израел потврди случај со подваријанта на делта сојот на коронавирусот, што претходно беше откриен во некои европски земји, објави Министерството за здравство на земјата.

Како што е наведено, варијантата „AY 4.2“ е идентификувана во Израел кај 11-годишно момче кое пристигнало од Европа.

Момчето било тестирано на меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив по враќање од Молдавија и било ставен во карантин, а другите контакти не беа откриени.

Подваријанта „AY 4.2“ се појави неколку пати во Велика Британија каде што беше кажано дека подваријантите на делта сојот се ретки, а дека се чини оти не претставуваат ист ризик од многу повисока инфекција како други соеви.

Вакцината на Фајзер/Бионтек ефикасна при спречување на хоспитализација

Во Израел во моментов се размислува за олеснување на ограничувањата за туризмот поради намалувањето на бројот на новозаразени.

Претходниот план за отворање на границите пропадна поради зголемувањето на бројот на инфекции со делта сојот.

На крајот на август и почетокот на септември, бројот на новозаразени достигна до 11.000 дневно.

Израелските власти започнаа агресивна кампања за вакцинација со трета засилувачка доза со вакцината Фајзер, што доведе до пад на инфекциите.

На 20 октомври беше објавено дека имало 1.487 нови случаи во претходните 24 часа.

8.021 лица починаа во Израел како резултат на инфекција со коронавирусот, а бројот на критично болни пациенти беше намален од 357 на 353.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

Рублев о победе на "Мастерсе" в Мадриде: у меня нет слов






Посол РБ в РФ Крутой: страна заинтересована в программах России по беспилотникам

МИД России назвал причину вызова посла Франции

Собянин: В дома и соцобъекты Москвы будет возобновлена подача тепла

В подмосковных Люберцах готовятся к семейному фестивалю Сабантуй-2024