Русија пријави нова варијанта на ковид-19, позаразна од Делта-сојот
Русија пријави нова варијанта на ковид-19, за која се верува дека е уште позаразна од Делта-сојот. Во земјата расте бројот на заразени и починати од ковид, што ги натера властите повторно да воведат рестриктивни мерки.
„Можно е варијантата AY.4.2 да се прошири“, изјави вишиот истражувач Камил Хафизов, кој работи во Роспотребнадзор, тело за надзор на здравствениот систем.
„Новата варијанта би можела да предизвика скок на бројката за нови случаи, па дури и да ја замени Делта варијантата на крајот, иако процесот најверојатно ќе биде бавен“, рече Хафизов.
Предупредувањето на Хафизов доаѓаат во време, кога руските власти пријавија дека во изминатото деноноќие од ковид починале 1 036 лица, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата. Пријавен е и рекорден број на инфекции - 36.339.
Путин прогласи неработна седмица како мерка за борба против ковид-19
Русија има убедливо најголем број официјални жртви од ковид во Европа-227.389, додека на светско ниво е на четврто место.
Рекордни бројки на починати од ковид-19 во Источна Европа
Порастот на случаи во последните недели го натераа московскиот градоначалник Сергеј Собјанин денеска да објави повторно воведување на мерки со кои градот ќе се затвори од 28 октомври до 7 ноември. Предвидено е да се затворат сите продавници, барови и ресторани, освен оние што продаваат основни производи.
Потегот доаѓа еден ден откако претседателот на Русија Владимир Путин прогласи национална „неработна“ недела, која ќе почна на 30 октомври.