Димитров - Постои обврска и Бугарија да не се меша во внатрешните македонски работи
Во Договорот, одредбата за немешање во внатрешните работи е реципрочна. Нашата обврска да не се мешаме во бугарските внатрешни работи постои, но постои и обврска за Бугарија да не се меша во внатрешните македонски прашања. Туку можеби прво прашање е правото на самоопределување и самоизјаснување и тука е тој судир на позициите со договорот и правната рамка на некој начин што ја прави договорот, вели во интервју за РСЕ, вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров.