Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Молдавија и руската „Газпром“ се договорија

0
Молдавија и руската „Газпром“ се договорија

Молдавската влада и руската државно контролираната компанија Гаспром соопштија дека се договориле да го продолжат договорот за испорака на руски природен гас за период од пет години. До ова доаѓа откако несогласувањата меѓу страните околу цената предизвикаа вонредна состојба и енергетска криза во поранешната советска република.

Во краткото соопштение на компанијата „Газпром“ е наведено дека разговорите меѓу молдавската делегација и Гаспром завршиле во Санкт Петербург, при што страните постигнале договор за продолжување на истечениот договор под „заемно корисни услови“.

Во соопштението на молдавското министерството за инфраструктура на беше наведено дека е постигнат „договор во принцип“, според кој претходниот договор ќе биде продолжен „користејќи ја формулата за цена предложена од молдавската страна“.

До сега во медиумите ни една од двете страни не ја открија договорената цена.

„Испораките на гас според новиот договор се очекува да започнат од 1 ноември 2021 година“, се вели во објавата на молдавското министерството.

ЕУ ќе ѝ даде на Молдавија 60 милиони евра за справување со енергетската криза

Претходно Молдавија прогласи вонредна состојба и почна да купува гас од други земји откако нејзиниот договор со Гаспром, најголемиот снабдувач на природен гас во Европа, истече на крајот на септември, по што двете страни не успеаја да се договорат за деталите и цената на нов долгорочен договор.

Кремљ ги отфрла тврдењата дека со гасот врши политички притисок врз Молдавија

Едно од клучните прашања беше долгот на Молдавија за претходните испораки на гас што Русија го процени на повеќе од 700 милиони долари.

Во дводневните разговори во Санкт Петербург, каде што е седиштето на Газпром, учествуваа заменик-премиерот на Молдавија Андреј Спину и извршниот директор на руската фирма Алексеј Милер.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

После победы в Мадриде Рублев поднялся с 8-го на 6-е место в рейтинге ATP






Bild: собака Лукашенко является «отвлекающим маневром» на параде Победы в Москве

"СВЯТОЙ ЛЕНИН" расшифровал смысл "ДНК В.И. Ленина".

Агитбригада провела концерт в Центре контрактников в Балашихе

Залпы в честь Великой Победы: Вечернее небо над Москвой озарил праздничный салют