Лидерите на Г20 бараат акција за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени
Лидерите на Групата 20 богати земји повикаа на „смислена и ефективна“ акција за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени, јавува новинската агенција Ројтерс повикувајќи се на последното соопштение од самитот во Рим. Како и да е, коминикето содржи неколку конкретни активности и не упатува на конкретен датум од 2050 година за да се постигне „нето нула“ емисии на јаглерод, за кои научниците велат дека е од витално значење за да се спречат катастрофалните климатски промени.
Г20 со апел да се забрза вакцинацијата во сиромашните земји
На самитот Г-20 одобрен договорот за воведување глобален данок
Во финалниот документ се вели дека актуелните национални планови за тоа како да се ограничат емисиите ќе треба да се зајакнат „ако е потребно“ и вклучува ветување за стопирање на финансирањето на производството на електрична енергија на јаглен до крајот на оваа година. „Одржувањето на 1,5°C на дофат ќе бара значајни и ефективни активности и посветеност од сите земји“, се вели во коминикето.