Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Новости за 18.10.2021

Изведување докази на обвинителството на судењето на Гукати и Харадинај

SlobodnaEvropa.mk 

Специјализираното обвинителство на Косово во Хаг денеска ќе започне со изнесување докази во судскиот процес против поранешните водачи на Здружението на ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хисни Гукати и Насим Харадинај. Тие се обвинети за попречување службеници во извршувањето на нивните должности, заплашување сведоци за време на кривична постапка, одмазда и кршење на тајноста на постапката. Атмосферата на заплашување сведоци и попречување на постапките против поранешни припадници... Читать дальше...

Министрите на ЕУ ќе расправаат за Западен Балкан и тензиите во северно Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за односите со Западен Балкан, во светлина на средбата на високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел со лидерите од регионот на ОН и за ситуацијата во северно Косово, се наведува во подготвителниот документ на седницата. Според извори на Советот на министри на ЕУ во Брисел, Борел накратко треба да ги информира министрите за надворешни работи на Унијата за ситуацијата на Западен Балкан и пораките што ги доби од лидерите на регионот... Читать дальше...

На Косово избрани 17 градоначалници во првиот круг, но не и во Приштина

SlobodnaEvropa.mk 

Прелиминарните резултати на општинските избори во Косово покажуваат дека 17 општини ги избрале победниците во трките за градоначалници, додека 21 општина ќе излезат во вториот круг на гласање, вклучувајќи ја и трката во главниот град Приштина. Српската листа, која е блиска до српското раководство во Белград, победи на девет од 10 трки за градоначалници со мнозинство Срби во северниот дел на земјата, додека Демократската партија на Косово победи на четири, Алијансата за иднината на Косово на две, и Демократската лига на Косово на две. Читать дальше...

Во 10 општини избрани градоначалници во прв круг, покажуваат досегашните податоци на ДИК

SlobodnaEvropa.mk 

Завршено е броењето на гласовите и во првиот круг избрани се градоначалници на десет општини: Градско, Дојран, Центар Жупа, Богданци, Виница, Валандово, Зрновци, Могила, Пласница и Липково, покажуваат досегашните податоци објавени на онлајн апликацијата на Државната изборна комисија. ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа, СДСМ ги очекува коалициските гласови во втор круг Во прв круг избрани се: Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Градско со освоени 55,66% од гласовите, Анго Ангов од СДСМ за градоначалник на Дојран со 53,21% од гласовите... Читать дальше...

ОДИХР денеска со оценка за локалните избори

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународните набљудувачи ќе одржат прес -конференција за да ги презентираат своите наоди по вчерашните локални избори во Северна Македонија. Поради барањата за социјално дистанцирање, само ограничен број новинари можат лично да присуствуваат на прес -конференцијата и за влез ќе биде потребен сертификат за вакцинација. Сите други ќе имаат можност да гледаат и поставуваат прашања преку Зум. Мисијата за на ОДИХР брои вкупно 165 набљудувачи од 29 земји и таа ги посматра локалните избори на покана на Владата. Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа, СДСМ ги очекува коалициските гласови во втор круг

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на локалните избори. Додека партиското раководство разгледува можност за предвремени избори, можно е формирање на ново парламентарно мнозинство, рече лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски. Пред седиштето на партијата имаше и славје до зурли и тапани. Во СДСМ, пак, немаше славеничка атмосфера, но велат изборите имаат и втор круг и на крај ќе имаат повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Изборниот ден го одбележаа проблемите со апаратите за читање отпечатоци на прсти.

Заев – На крај ќе имаме повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

SlobodnaEvropa.mk 

СДСМ победува или има предност пред ВМРО-ДПМНЕ во повеќе од 30 општини во земјава во првиот круг од локалните избори, рече вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој рече дека СДСМ победи во Струмица, Крива Паланка, Кочани, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Македонска Каменица, Богданци, Берово, Кривогаштани, Демир Капија, Маврово-Ростуше, Чашка, Росоман, Старо Нагоричане, Арачиново, Дебарца, Куманово и се разбира Скопје. Мицкоски прогласи победа на изборите, 20 градоначалници уште во прв круг ... Читать дальше...

Даштевски – Изборниот ден заврши успешно

SlobodnaEvropa.mk 

Генерално изборниот ден заврши успешно, без никакви проблеми и се гласаше законски и регуларно, рече претседателот на ДИК Александар Даштевски. Мицкоски прогласи победа на изборите, 20 градоначалници уште во прв круг На прашањето дали чувствува одговорност за проблемите со апаратите за отпечаток од прст кои често не функционираа и го успоруваа гласањето, тој рече дека е среќен, затоа што апаратите помогнале и сè поминало во најдобар ред. Даштевски најави поконкретни резултати за утрешниот ден.



Шанса за Центар освои тројца советници во Општина Центар

SlobodnaEvropa.mk 

Независната иницијатива Шанса за Центар вечерва објави дека освоиле три советнички места во Советот на Општина Центар. Мицкоски прогласи победа на изборите, 20 градоначалници уште во прв круг „Со еден советник бевме гласни, а сега со тројца ќе грмиме! Во советот е моќта и ние ќе бидеме вашиот глас и вашата сила таму“, објави иницијативата на Фејсбук. Во Советот на Општина Центар има 23 советници.

Мицкоски прогласи победа на изборите, 20 градоначалници уште во прв круг

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа уште во првиот круг во Штип, Прилеп, Велес, Кавадарци, Неготино, Сопиште, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Виница, Зрновци, Петровец, Илинден, Карбинци, Свети Николе, Јегуновце, Градско, Босилово, Могила и Новаци, а очекуваат во прв круг да победи и кандидатот за градоначалник на Аеродром и Битола, а убедливо водат и во Ѓорче Петров. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски, на прес-конференција пред полноќ, рече дека победуваат во советите во повеќе од 50 општини. Читать дальше...

Димитриевски и Илиевски влегуваат во вториот круг во Куманово

SlobodnaEvropa.mk 

Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Куманово од иницијативата „За наше Куманово“, Максим Димитриевски вечерва најави дека влегува во вториот круг од локалните избори 2021 и дека е во водство пред кандидатите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. „Ние ја добивме најголемата поддршка од граѓаните на Куманово без разлика на нивната партиска припадност“, рече Димитриевски. Николовски – Кочи Мицко, има и втор круг Тој објави дека и независната советничка група има предност во останатите советнички групи. Читать дальше...

Села прогласи победа во првиот круг во Дебар и Гостивар, во втор круг одат во пет општини

SlobodnaEvropa.mk 

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласи победа во првиот круг во Дебар и Гостивар, а според нивните информации, нивните кандидати за градоначалници одат во втор круг во пет општини. Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на прес-конференција изјави дека чекаат информации дали нивниот кандидат ќе оди во вториот круг и во Тетово. Славје пред ВМРО-ДПМНЕ Меѓу општините во кои кандидатите за градоначалници на Алијанса за Албанците и Алтернатива одат во вториот круг, според Села... Читать дальше...

Николовски – Кочи Мицко, има и втор круг

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски вечерва рече дека СДСМ води во најмалку 25 општини на денешните локални избори, меѓу кои во Скопје, Струмица, Крива Паланка, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Богданци, Карпош, Центар, Пробиштип, Шуто Оризари, Македонска Каменица, Чашка, Росоман, Ново Село, Старо Нагоричане, Лозово, а пред ВМРО-ДПМНЕ е и во други општини како Куманово, Долнени, Дебарца, Струга и на други места. Славје пред ВМРО-ДПМНЕ Во однос на славјето пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ... Читать дальше...

На изборите во Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус на излезност

SlobodnaEvropa.mk 

Во Општина Центар Жупа во првиот круг од локалните избори не е избран нов градоначалник, бидејќи не е обезбеден потребниот цензус на излезност од една третина од вкупно запишаните гласачи во единствениот избирачки список, потврди за МИА, претседателот на ОИК, Неџип Илјаз. „Право на глас во оваа печалбарска општина имаа 7.317 а го остварија 25 отсто“, додаде Илјаз. Во трката за градоначалник беа актуелниот Аријан Ибраим, од Турската демократска партија, кој довербата од неговите сограѓани ја... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

На кураже: Рублёв пробился в финал «Мастерса» в Мадриде, Медведев снялся из-за травмы






Галина Янко: главные традиции и приметы Пасхи

Куда девать скорлупу от освященных пасхальных яиц: что говорят священники

Экс-футболист Мостовой о предложении от "Пари НН": будем думать и смотреть

Замминистра обороны Иванов просит отпустить его из СИЗО на Рублёвку: Не шутка, а ходатайство по делу