Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Новости за 31.10.2021

Масовно на прегласувањето во Дебар

SlobodnaEvropa.mk 

Во Дебар се прегласува во  избирачко место 0543 во населбата Венец 1, од што можно е да зависи и крајниот резултат, како за избор на градоначалник, така и за членовите на Советот. До 13 часот има многу помасовно излегување за гласање на ова избирачко место, кое се наоѓа во дебарската гимназија „28 ноември“. Претседателот на општинската изборна комисија Рилинд Хаса за Радио Слободна Европа изјави дека до 13 часот гласале 270 граѓани, а пред две недели во истото време само 140. Тој додаде дека ова избирачко место има 777 избирачи. Читать дальше...

Ердоган и Бајден ќе формираат механизам за подобрување на врските

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Џо Бајден на денешната нивна средба во Рим се согласиле да формираат заеднички механизам за подобрување на затегнатите врски, соопштија турските медиуми, по разговорите што турски официјален претставник рече дека се одржале во „многу позитивна“ атмосфера. Ердоган се откажа од протерување на 10 западни амбасадори Неколку дена откако сојузниците на НАТО за малку избегнаа голема дипломатска криза, Ердоган и Бајден одржаа 70-минутна... Читать дальше...

Блинкен го предупреди Пекинг за загриженоста на САД за Тајван

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го предупредил својот кинески колега дека Пекинг не треба да презема никакви унилатерални активности за промена на статусот на Тајван. На денешниот состанок во Рим на маргините на самитот на Групата 20 (Г20), Блинкен му рече на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји дека Вашингтон се противи на акциите преземени во последните месеци од Кина кои ја зголемија тензијата околу Тајванскиот теснец. Кина против воените врски на САД и Тајван Бајден... Читать дальше...

Некои битолчани со големи очекувања од изборите, а други не очекуваат ништо

SlobodnaEvropa.mk 

Долга е листата на очекувања од страна на битолчани кои треба да ги исполни новата локалната власт во Битола. Од инфраструктурни зафати, заштита на објекти, поголема хигиена, решавања на проблемот со уличните кучиња и ред други работи. 80–годишниот Лазар Трајчевски вели „секогаш има работа за оние кои сакаат да работат во интерес на градот, а на Битола ѝ требаат уште многу работи“. Хроничарот на градот Александар Стерјовски вели дека треба да се подобри хигиената во Битола, но и да се обрне... Читать дальше...

ДИК: Излезноста до 11 часот е 14,18 насто

SlobodnaEvropa.mk 

Државната изборна комисија на втората прес конференција соопшти дека излезноста до 11 часот 14,18 отсто, односно 160.035 гласачи. Највисока излезност има повторно во Ранковце каде своето право на глас го искористиле 38,2 отсто од гласачите. Потоа следуваат Вевчани со 31,24, Демир Капија 30,14, Пехчево 28,44, Конче 26,74, Демир Хисар 25,19, Кратово 25,12, Пробиштип 24,75, Лозово 23,51, Чашка 22,73 проценти, Зелениково 21,55. ЦИВИЛ: Мирен почеток на гласањето на избирачките места „Гласањето се одвива нормално... Читать дальше...

ЦИВИЛ: Мирен почеток на гласањето на избирачките места

SlobodnaEvropa.mk 

Мирен почеток на гласањето на избирачките места, од една страна и кршење на изборниот молк, говор на омраза и црна кампања на социјалните мрежи, од друга страна, го одбележа почетокот на вториот круг на локалните избори 2021, изјави претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала. „Набљудувач на ЦИВИЛ во општина во источниот дел од земјава утринава беше следен и фотографиран повеќе пати. Случајот е пријавен во полиција, соопшти Дерала, кој рече дека тоа е изолиран случај на притисок врз набљудувачите на ЦИВИЛ. Читать дальше...

Скоро двојно зголемена излезност во Битола во однос на првиот круг

SlobodnaEvropa.mk 

До 9 часот излезноста во вториот круг од локалните избори во Битола изнесуваше над 7 проценти што е повеќе во однос на првиот кога имаше 4,5 проценти, соопшти Игор Талевски претседател на ОИК Битола. Отворени сите гласачки места и гласањето тече без проблеми. Имаше само две замени на уредите за отпечаток од прст. „Претседателите и замениците на избирачките места стекнаа искуство во работата со апаратите за фингерпринт и сметаме дека во овој втор круг нема да има потешкотии при ркувањето со апартите. Читать дальше...

Во Глазгов почнува климатскиот самит COP26

SlobodnaEvropa.mk 

Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени (COP26) започнува денеска во Глазгов и ќе трае до 12 ноември. COP26 се смета за клучен обид да се принуди светот да излезе со конкретни планови за одржување на порастот на температурата до максимум 1,5 степени. Домаќин на состанокот е британскиот премиер Борис Џонсон и ќе собере повеќе од сто лидери, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон и индискиот претседател Нарендра Моди. Лидерите на Русија и Кина... Читать дальше...



Иванова: Филхармонија трага по совршениот баланс меѓу модерното и „железниот репертоар“

SlobodnaEvropa.mk 

Се движиме во чекор со она што го создаваат светските симфониски оркестри, се движиме низ призмата на убавото, се движиме далеку понапред од овие времиња што нè притискаат во реалноста, вели Тина Иванова, музиколог и в.д. Директор на Филхармонија во интервју за Радио Слободна Европа.

Иванова - Нашата мисија е да создаваме музика

SlobodnaEvropa.mk 

Mузиката е движење во времето и во просторот. Не води низ непрекинлив мисловен и душевен развој. Токму затоа што не престанавме да работиме, сам се наметна слоганот на новата концертна сезона „Филхармонија во движење“, вели Тина Иванова, музиколог и в.д. Директор на Филхармонија.

Мистериозниот талибански лидер за прв пат присуствуваше на јавен митинг

SlobodnaEvropa.mk 

Невидливиот „врховен водач“ на талибанците, Мула Хибатула Акунџада, кој официјално не се појавува во јавноста од неговото назначување во 2016 година, учествуваше на церемонијата во Кандахар во јужен Авганистан, соопштија талибански функционери. „Командантот на верниците, шеикот Хибатула Акунџада, се појави на голем собир во познатата медреса Хакими и десет минути им зборуваше на храбрите војници и ученици, соопшти денеска талибанската влада во порака, објавувајќи аудио снимка“. На аудио снимката... Читать дальше...

На вториот круг од локалните избори излезноста до 9 часот е 5,25 насто

SlobodnaEvropa.mk 

Државната изборна комисија на денешната прва прес конференција посочи дека излезноста до 9 часот изнесува 5,25%, односно гласале 56.700 гласачи. Највисока излезност има во Општина Ранковце каде излезноста е 15,24 насто. Потоа следува Пехчево со 13,73 проценти, Зелениково со 11,74, Демир Хисар со 10,88, Вевчани 10,51% Конче со 10,14 проценти излезност. Се бираат градоначалници на 44 општини Претседателот на ДИК Александар Даштевски рече дека утрово на отворањето на избирачките места во 7 часот на еден број места имало определени проблеми... Читать дальше...

ЈО со дополнителни дежурства за гласањето

SlobodnaEvropa.mk 

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија продолжува во континуитет да ги следи случувањата поврзани со изборниот процес, преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори. И во текот на денешниот изборен ден, во вториот круг од локалните избори ќе бидат воспоставени дополнителни дежурства во јавните обвинителства. Читать дальше...

Г20 со апел да се забрза вакцинацијата во сиромашните земји

SlobodnaEvropa.mk 

Од самитот на Г20 во Рим е испратена порака да се забрза вакцинацијата во сиромашните земји, бидејќи, како што истакна домаќинот на собирот италијанскиот премиер Марио Драги нееднаквоста во пристапот до вакцините меѓу богатите и сиромашните земји е „морално неприфатлива“. Драги, рече дека само три отсто од луѓето во најсиромашните земји во светот се вакцинирани, додека 70 отсто во богатите земји примиле најмалку една доза. Климатските промени, вакцините, економското закрепнување, меѓународното оданочување... Читать дальше...

За вториот изборен круг акредитирани 1.598 набљудувачи, новинари и преведувачи

SlobodnaEvropa.mk 

За вториот круг од Локалните избори 2021 акредитирани се вкупно 1598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи. Нивниот број е поголем за 347 во споредба со првиот круг кога беа акредитирани 1251. Од домашните најбројни се од Граѓанската асоцијација АКСИОС 2017 и од Здружението ЦИВИЛ, а останатите се од Центар за слобода Скопје, Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција Мак-Сонце, од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид-Скопје, од Национален ромски центар... Читать дальше...

Втор круг локални избори

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска втор круг од локалните избори се одржува во 44 општини, а во прв круг ќе се прегласува на по едно избирачко место во Дебар и Шуто Оризари.

Грција: бродот со околу 400 мигранти е во „безбедно пристаниште“

SlobodnaEvropa.mk 

Мал товарен брод со околу 400 претежно авганистански мигранти и бегалци бил одвлечен до „безбедно пристаниште“ во близина на грчкиот остров Кос во близина на турскиот брег, соопшти грчката крајбрежна стража. Од Крајбрежната стража изјавија за Асошиетед прес дека не можат да ја откријат точната локација. Бродот со 400 мигранти и натаму плови во Егејско море Крајбрежната стража во петокот соопшти дека грчки брод за пребарување и спасување источно од островот Крит лоцирал товарен брод кој пловел под турско знаме... Читать дальше...

На самитот Г-20 одобрен договорот за воведување глобален данок

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателите на држави и влади од Г20 на собирот во Рим го одобрија договорот за реформа на меѓународниот даночен систем, со кој би требало да се укинат даночните засолништа со воведување минимален корпоративен данок од 15 отсто на добивка на мултинационалните компании. САД и Г20 работат на глобален данок за корпорациите „Сите претседатели на земјите од Г20 го одобрија историскиот договор за новите меѓународни даночни прописи, па така и за минималниот меѓународен данок, кој ќе го прекине натпреварувањето... Читать дальше...

Гласање на локалните избори од 7 до 19 часот

SlobodnaEvropa.mk 

Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и треба да трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат. Гласачкото место на кое гласале сите граѓани запишани во изводот од Избирачкиот список може да се затвори и пред 19:00 часот, по претходна согласност од надлежната ОИК... Читать дальше...

Европа го врати времето за еден час

SlobodnaEvropa.mk 

Летното сметање на времето во европските земји заврши денеска, кога стрелките на часовниците беа помесетени еден час наназад, од 03.00 на 02.00 часот. Летното сметање на времето е воведено согласно одлуката на ЕУ, пред сѐ заради очекуваните економски придобивки - подобро функционирање на единствениот пазар, транспорт и врски, индустрија. Меѓутоа, поради недостаток на поголеми придобивки од тоа, ЕУ одлучи да се откаже од враќањето на стрелките на часовниците двапати годишно во 2021 година, оставајќи... Читать дальше...

Се бираат градоначалници на 44 општини

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска втор круг од локалните избори се одржува во 44 општини, а во прв круг ќе се прегласува на по едно избирачко место во Дебар и Шуто Оризари. Овие се седми локални избори од независноста на Македонија и втори, по ланските парламентарни, кои се одржуваат во време на пандмијата со коронавирусот.

Втор круг од локалните избори 2021 година

SlobodnaEvropa.mk 

Во денешниот втор круг од локалните избори се гласа во вкупно 44 општини. Право на глас имаат 1.353.990 избирачи на 2.481 избирачко место. Повторување на гласањето за градоначалник и за совет ќе има на едно избирачко место (0543) во Дебар, а ќе се прегласува и на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари за членови на совет. Управниот суд го поништи гласањето на овие две избирачки места за гласањето од првиот круг на изборите на 17 октомври. МВР-Приведени две лица за изборен поткуп во Скопје Денеска... Читать дальше...

Времето денеска: утринска магла, потоа сончево

SlobodnaEvropa.mk 

Утрото студено, по одделни котлини и речни долини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот претежно сончево со слаб ветер од јужен правец. Дневната температура ќе биде од 12 до 19 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 17 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Анна Блинкова

Россиянки Аванесян и Блинкова вышли во второй тур турнира в Риме






Клуб «Ночные волки» открыли мотосезон в столице

Если «Динамо» наберет 4 очка в двух последних турах, это гарантирует ему чемпионский титул

Журналисты узнали, как живут вне России дети Марии Голубкиной и Николая Фоменко

«Лучше ты умрешь!» Семья убитой в Турции москвички проклинает ее мужа